Лидерот на српската народна партија Ненад Поповиќ, изјави денес дека по насилните протести на мигрантите во самиот центар на Белград, меѓусебните тепачки и груби напади врз граѓаните на Србија, се бара од државните органи најитно да се спроведат безбедносни мерки за заштита на децата, жените и граѓаните на Србија, за да не се претвори земјата во полигон за дивеење на џихадисти.„Во маршот низ Белград со присуство на полицијата, немаше жени и деца на мигрантите, што го докажува она на што долго време предупредувам – дека повеќе од 95 отсто од мигрантите се мажи и дека најголем дел од нив има искуство како терористи, криминалци и војници од Блискиот исток“ – истакнал Поповиќ.
Според неговите зборови, кој и да имал илузија дека граѓаните на Србија не се загрозени со дивјачките протести кои допрва можат да ескалираат во експлозија на насилства низ целата земја, сега мора да биде уверен во тоа дека на сцена стапува спроведувањето на планот на Европската унија Србија да стане резервна татковина за десетици и стотини илјади мигранти.
„На граѓаните на Србија им е добро познато дека повеќе од година дена предупредувам на вакво сценарио и дека барам бескомпромисни мерки за заштита на клучни државни и национални интереси. Денес нема поважна задача од безбедноста на секое дете, секоја жена и секој граѓанин на Србија од опасноста да станат заложници на мигрантите во сопствената земја. Граѓаните на Србија не смеат да живеат во страв, додека останатите земји од ЕУ креваат ѕидови и ги блокираат границите“ – нагласи лидерот на СНП.
„Затоа барам веднаш херметички да се затворат сите граници, да се крене ѕид на границата со Македонија и веднаш сите мигранти да се протераат од Србија, како што би се направило со секој странски државјанин кој во нашата земја влегол илегално, без документи“ – заклучи Поповиќ.„Во маршот низ Белград со присуство на полицијата, немаше жени и деца на мигрантите, што го докажува она на што долго време предупредувам &nd