Дизни ги откупи правата за идните филмови на Индијана Џонс

Компанијата „Walt Disney” ги откупила сите маркетиншки и дистрибутивни права за кој и да е иден филм за Индијана Џонс, според договорот постигнат со „Paramount Pictures” кој стоеше зад првите четири продолженија од серијалот за популарниот филмски археолог.Сепак, „Paramount Pictures” ќе ги задржи дистрибуциските права за првите четири филмови за Индијана Џонс, објави компанијата. Тие филмови беа издадени во продукција на „Lucasfilm” којашто во 2012 година компанијата „Walt Disney” ги купи за 4,05 милијарди американски долари.
Од „Walt Disney” уште претходно соопштија дека планира да го сними и петтото продолжение на популарниот авантуристички серијал, но не објави други поединости.
Серијалот започна во 1981 година со филмот „Грабнувачи на изгубениот ковчег” со Харисон Форд во улогата на Индијана Џонс. Форд настапуваше и во другите три продолженија. Сите четири филмови, коишто вкупно заработија 1,9 милијарди американски долари, ги режираше славниот Стивен Спилберг.
 Сепак, „Paramount Pictures” ќе ги задржи дистрибуциските права за првите четири филмови за Индијана Џонс, објави компанијата. Тие филмови беа

Пронајдете не на следниве мрежи: