Дмитри Песков: Пристигнуваат повици за помош од источните делови на Украина

До Рускиот претседател Владимир Путин пристигнуваат многу повици за помош од источна Украина а тој со голема загриженост ја следи на ситуацијата таму, соопшти вчера неговиот портпарол.-За жал, ние добиваме многу барања, кои се однесуваат лично до Путин, во кои источните области на Украина бараат помош – да интервенира на еден или друг начин, изјави портпаролот Дмитриј Песков .
– Рускиот претседател со голема загриженост го следи развојот на настаните во овие области, рече тој.
Владата во Киев соочена со предизвикот на очигледно координираните напади на вооружени униформирани групи во областите каде што повеќето од населението се Руси, најави почеток на големи анти- терористички операции на вооружените сили за да се стави крај на немирите.
Тензија е зголемена поради стравувањата дека Москва која има 40.000 војници на границата, ќе ги искористи немирите како изговор за нова интервенција во Украина.
Зајакнуваат и стравувањата од нова гасна војна откако Путин испрати писмо до европските лидери, вклучувајќи и 13 од Европската Унија и се закани дека ќе ја запре испораката на гас за Украина ако таа не го реши долгот. Тоа би го загрозило снабдувањето на Европејците како во 2009 година.
Според Дмитриј Песков , Русија се уште не добила одговор на тоа писмо.
-Слушнавме за идејата за колективен договор, но ништо не пристигна, рече тој.
Денес, во Луксембург се сретнаа министрите за надворешни работи на ЕУ кои треба да ги испитаат заканите за суспензија на испораките на гас од Русија. Четвртина гас кој ЕУ го троши го добива од Русија, од кои речиси половина во текот Украина.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин апелирал во телефонскиот разговор со американскиот претседател Барак Обама да се искористат сите капацитети на американската страна и да се спречи употребата на насилство и крвопролевање во Украина, соопшти Кремљ.
Руската страна истакна дека протестите во Донецк, Луганск, Харков, Славјенск и други градови во југоисточниот дел на Украина се резултат на неподготвеноста и неможноста од лидерите во Киев да се земат предвид интересите на Русите и оној дел од населението кој зборува руски, наведува Кремљ.
Протестите против новата самопрогласена влада во Украина, кој дојде на власт во февруари по државниот удар, избија на украинска територија каде што се зборува претежно руски јазик, а тоа се регионите на Донецк, Луганск и Харков, а демонстрантите бараат референдум за федерализација на земјата, соопшти Кремљ .
Путин му кажал на Обама исто така дека обвинувањата дека Русија се меша во работите во источна Украина се „неосновани”, наведува Кремљ , а пренесува АФП.
„Одговарајќи на загриженоста која ја изрази американскиот претседател за т.н. руска интервенција во југо-источна Украина, Путин рече дека таквите шпекулации се врз основа на неосновани информации”, соопшти Кремљ.
Вчера попладнето, вршителот на должност претседател на Украина, Олександер Турчинов потпиша указ за почеток на специјална операција во источните области на земјата. Тој претходно најави започнување на „сеопфатни антитерористички операции“, со цел украинските власти да ја повратат контролата врз полициските и владините згради, кои во изминатите денови беа заземени од проруски демонстранти во десетина градови во источниот дел на државата.
Извор: Република-За жал, ние добиваме многу барања, к

Пронајдете не на следниве мрежи: