Дневен хороскоп 05.11.2013

Што ви предвидуваат ѕвездите за денес?Овен Ќе се најдете во ситуација кога нешто ќе славите. Целата недела ќе ви мине во знакот на некои радосни вести и новости. На работното место ви се советува да не ја превземате сета одговорност на себе, туку да си работите онака како што вам ви е својствено. Само со смирено и одлучно темпо ќе дојдете до посакуваните резултати.  Бик Бидејќи сакате опипливи докази поврзани со она со што се занимавате, ќе бидете помалку незадоволни. На работното место потребно е да бидете организирани, ако сакате да испливате од проблемите кои лошо влијаат на работната ситуација. Бидејки си поставивте многу обврски сето тоа мошне лошо се одразува на вашето кревко здравје.  Близнаци Ќе донесете некоја важна животна одлука. Внатрешната хармонија е нешто што ви дава допонителен шарм. Сочувајте ја. Нов работен проект е на видик. Дигнавте раце од се особено ако се занимававате со некој приватен бизнис. Помошта стигнува кога најмалку очекувате. Кога се работи за вашето здравје се опоравувате од стресовите 

Рак Романтичните доживувања можат да ја нарушат секојдневната монотонија. Препуштете им се на желбите. Ќе се најдете во ситуација кога емотивно ќе реагирате. Она што следниот период ќе ви поаѓа од рака е мудроста. Ќе повлекувате совршени потези кога се работи за работата. Со минимум напор постигнувате максимални резултати.  Лав Нешто морате да жртвувате ако сакате да дојдете до посакуваните цели. На работното место сега за сега заполовивте во мирни води. Работата ја вршите по застарен шаблон, и воопшто не се оптеретувате. Здравјето сега за сега е релативно добро. Се наоѓате во фаза на опоравување, но размислувајте за идните потези ако сакате да бидете уште поздрави и посреќни.  Девица Пожелно е да тргенте во конкретна акција. Одговорни сте за сопствената судбина, но и за судбината на многумина. Затоа постапувајте внимателно. Работата тргна наопаку па тоа дополнително ве загрижува. Направивте купишта грешки па сега е тешко да ги исправите. И здравјето ви е влошено. Ќе се соочите со проблеми со уринарниот тракт .

Вага Тешко функционирате во хаосот во кој се наоѓате. Бидејќи со напор одговарате на поставените задачи, можни се здравствени проблеми. Потребно е да не внесувате премногу емоции во вашата работа. Ќе се најдете во ситуација кога ништо нема да ви се работи па потрудете се некако да се извлечете. И здравјето е влошено.  Скорпија Ве очекува некоја прослава. Кога се работи за здравјето ви се советува да не претерувате со консумирање на алкохолни пијалоци. Повеќе време минувајте во прошетки, на чист воздух. Во љубовта ќе дојдете до сознание дека врската со вашиот партнер бара промени. Нема да ви биде лесно но ќе се потрудите да ги разрешите проблемите. Стрелец Функционирате мудро и великодшно. Ќе се најдете во ситуација да се занимавате со филозофски проблеми и да повлекувате мудри потези. На работното место оваа недела ве очекуваат куп работни обврски, но бидејќи имате енергија во изобилие, успешно ќе ги завршите. Кога се работи за здравјето можни се некои ревматски тегоби или кршливи коски. 

Јарец Запловивте во мирни води. Работите се одвиваат рутински, што и не е така лошо. Проблемите можат да настанат ако оваа состојба подолго потрае. Тогаш ќе ви биде здодевно. Во работата ве очекува одличен период особено ако се занимавате со комуникации или работите со некои проекти. Ќе оставрите многу повеќе од очекуваното.  Водолија Иако немате причина за депресивна состојба се чувствувате безволно. Ви недостасува стимуланс од страна за да се придвижите од мртвата точка во која свесно или несвесно пропаднавте. Во работата ве очекува средба со јавноста и успех, особено ако се занимавате со таква работа. Ќе се најдете во прекрасна атмосфера и нешто ќе прославувате. Кога се работи за вашето здравје можни се некои стомачни проблеми . Риби Емоциите се на преден план. На повеќето припадници на овој знак ќе им се случуваат работи поради кои нема да останат рамнодусни. На работното место што и да превеземете ке ви се чини дека е погрешно. Во што е проблемот? Уживате во топлата семејна атмосфера. Настојувате да ги избегнете излегувањата и повеќе време да минете дома.Овен Ќе се најдете во ситуација кога нешто ќе славите. Целата недела ќе ви мине во знакот на некои радосни вести и новости.

Пронајдете не на следниве мрежи: