Oвен
Малку претеравте во организирање на се околу себе, па така сте ветиле дека ќе се појавите на неколку места во исто време. Одберете го тоа што повеќе ви одговара, без да жалите за пропуштеното, ќе има уште многу прилики за се да надополните.
Бик
Сконцентрирајте се на финансиските прашања и не дозволувајте чувствата да ви ги диктираат плановите. На тој начин секогаш ќе потрошите повеќе од планираното, што би можело да ве доведе пред ѕид од кој нема едноставен излез, па денес малку средете си ги сметките.
Близнаци
Вашиот збор на денот е неодлучност, како и неколку пати до сега. Без оглед на сите дадени ветувања до пријателите и колегите, потрудете се да направите сопствени планови и сите коцки ќе се наредат на своето место, само ако се потпрете на себе си.
Рак
Некои пријатели неможете да ги препознаете, затоа што нивната комуникација станала чудна и за вас неразбирлива. Убаво размислете, за да можете да заклучите кој повеќе се променил, дали тие или пак вие- во секој случај ќе научите нешто ново.
Лав
Брилијантните замисли немаат никаква корист ако позади нив нема одлучно делување. Во првиот дел немате проблем, но овој вториов ви задава главоболка, па бидете малку доследни и спроведете го тоа што го замислувате.
Девица
Недоразбирањата со пријателите ќе траат кратко, па не дозволувајте едно зрно песок во пустина со ваша грешка да прерасне во олуја, во односите со пријателите. Послушајте ги советите од околината, овој пат се во ваш интерес.
Вага
Премногу уживање за кратко време може да се одрази на вашето здравје. Затоа, намалете ги порциите во тањирот, повеќе спијте и потрудете се да бидете што помалку загрижени, за да новата романтична врска не се најде во слепа улица, а вие да не останете повторно сами.
Шкорпија
Премногу емотивно реагирање може да ви донесе негативни поени кај некои луѓе чие мислење ви е важно. Одговорете на повикот за помош на роднина или пријател, затоа што вашата рака навистина им е потребна, не бидете себични, ќе ви затребаат и тие на вас.
Стрелец
Оттргнете се малку од хистеријата на работа и поминете повеќе време во друштво на семејството и најблиските пријатели, добро ќе ви дојде опуштање и размислување за малите и едноставни нешта. Ова е идеален ден да го пуштите мозокот на пасење.
Јарец
Се додека не си ги средите мислите, добро би било да се повлечете малку во себе и да не се изложувате во влетување во конфликти за кои не сте сигурни ниту каде водат, ниту дали воопшто ги сакате. Затоа, јазикот за заби и трпение.
Водолија
Добро би било да ги намалите очекувањата од другите, затоа што си влевате премногу надеж во помошта од страна на останатите. Со сопствени сили ќе стигнете многу подалеку, само треба да одлучите дека можете да го завршите започнатото, а тоа навистина не би требало да ви биде проблем.
Риби
Изборот кој ви е предложен е доста тежок, затоа што повеќе можности даваат и повеќе прашања кои ве мачат. Немојте да мислите дека веднаш треба да ги дадете сите одговори, одете чекор по чекор и нема да згрешите, тој начин најмногу ви одовара.
Oвен
Малку претеравте во организирање на се околу себе,