Дневен хороскоп 14.03.2013

Овен
Се што имате направено за другите некогаш ќе ви се врати, а вас ви дојде време да наплатите некои долгови. Во вистинско време и на вистинско место ќе ви се укаже помош која ви е потребна за да си ги остварите своите цели.
 Бик
Конечно работите ги наредивте на квалитетен начин, па авторитативниот пристап потпомогнат со знаење ќе ви користи многу подобро од гласното и бучно обидување и уверување. Ако сега седнете на вистинското место, долгорочно сте ги решиле сите проблеми.
Близнаци
Немојте да обрнувате премногу внимание на злобни коментари, а поготово немојте поради нив да ја губите самодовербата. Едрата ги имате поставено како што треба, ветер има доволно, па само сомнежот во сопствената способност може да ве исфрли од курсот кон успехот.
Рак
Вашите мисли и акции се многу конзистентни и во секое време многу добро знаете што правите, дури и ако никој околу вас не знае. Искористете ја таа добра карактеристика за да превземете некои дополнителни одговорности, кои пак од друга страна ќе бидат добро платени.
Лав
Денес не е ден за импулсивни одлуки и залетување во нови работи. Подобро би било да земете малку повеќе време за размислување, па дури и ако постои можност поради тоа да ја изгубите работата, од колку непромислено да влетувате во обврски кои нема да можете да ги исполните.
Девица
Ви се чини дека распоредот кој досега толку добро ве служеше, потполно потфрлил, но работата е во тоа што се случува толку голема промена што ќе морате да оставите малку поголем простор во текот на денот, за да би можеле да се справите со ненадејните можности да направите некој договор.
Вага
Ќе бидете приметени и ќе направите се што треба за да оставите што подобар впечаток. Вродениот сомнеж и недоверба денеска можат да ви застанат на патот до остварувањето на некои многу важни контакти, па затоа пробајте да ги потиснете.
Шкорпија
Денеска е најдобриот ден во овој месец за вас и зголемената енергија која ќе ја имате треба корисно да ја употребите, а не да ја потрошите залудно. Решете се од сите долгови со малку повеќе оптимизам, и започнете нов проект кој го посакувате веќе подолго време.
Стрелец
Желбата за место под главниот рефлектор на сцената ви е толку силна што лесно би можеле да се најдете во небрано кога навистина ќе стасате до таму. Убаво подгответе се за денешните разговори, затоа што ќе ја имате главната улога.
Јарец
Неможете да откриете од што точно се плашите, но постојаното чувство дека некој постојано ви ѕирка преу раменици, полека ве полудува. Најдобар начин за решавање на оваа ситуација е да престанете да обрнувате внимание на дистракции и да се посветите на работата
Водолија 
Чувствувате голем притисок и единствен начин за да се ослободите од него е да ги исфрлите сите непотребни задачи и нешта кои ви сметаат за што побрзо да ја завршите работата која ве оптеретува. Денеска е вистинскиот ден за завршни подготовки.
 Риби
Да трчате по идеја која веќе ви избегала нема никаква поента, па затоа подобро би било да заборавите на неа и да пронајдете некоја нова. Фрлете се на работа и во текот на денот ќе ви дојде некоја што ќе ви ја заголицка фантазијата.
 
 Овен
Се што имате направено за другите некогаш ќе ви се

Пронајдете не на следниве мрежи: