Дневен хороскоп 18.02.2014Овен
Попривлечни сте од вообичаено, и тоа може да ви помогне да освоите уште неколку срца. Дефинитивно, љубовта се чувствува во воздухот, а и планетите ви се наместени за да ви донесат неколку добри луѓе во животот, па искористете ја таа можност.
Бик
Премногу емотивната реакција на работа, никогаш не е добра, а посебно денес. Без оглед на тоа што се случувало, воздржете се од коментари или реакции, подобро бидете на страна и не се вмешувајте во ситуации кои се потенцијално опасни за вас.
Близнаци
Ако не сте премногу горди да побарате помош, пријателите ќе ви излезат во пресрет без никаков проблем. Не глумете маченик и не барајте признание на таков начин, туку убаво замолете и решете ги сите проблеми со помош на вашите најблиски.
Рак
Денешниот ден е малку проблематичен од причина што се обидувате да ги усогласите вашите желби со желбите на вашиот партнер. Бидејќи тоа е невозможно, размислете од што би можеле да се откажете без поголеми проблеми и на тој начин подајте му рака за помирување.
Лав
Убавите вести кои ќе ги слушнете денес, поврзани со работата, дефинитивно ќе ви го поправат расположението, бидејќи почетокот на месецот ви е секогаш стресен. Но, немојте веднаш да славите и да мислите дека се е средено, ви остана уште многу работа.
Девица
Завземете свој став и одбранете го своето мислење, бидејќи тоа е клучно за вашата самодоверба, а и за целиот проект на кој моментално работите. Вие сте во право, па затоа не дозволувајте да ве надгласаат и да ве турнат назад.
Вага
Овие денови тоа што вистински ви треба е малку повеќе време за себе, па зошто да не започнете уште денеска. Откажете ги планираните средби, бидете си на себе доволни и уживајте. Поради тоа не сте себични, туку на тој начин најдобро се ослободувате од натрупаниот стрес.
Скорпија
Некои финансиски проблеми кои упорно се обидувавте да ги сокриете под тепихот, денеска ќе го видат светлото на денот, па бидете подготвени брзо и ефикасно да реагирате, за да не би ја поминале секоја граница и да загрозат се што се створиле во претходните неколку месеци.
Стрелец
Знаете што правите, и затоа денес ќе имате неколку можности за напредок на деловен план. Сепак, не би било добро да станете алчни и да зграбите буквално се што е пред вас, бидејќи за брзо време ќе сфатите дека сте се натовариле на сопствениот грб.
Јарец
Верувајте му на својот инстинкт и на своите чувства и не верувајте и на приказната која ќе ја слушнете, а ќе ви звучи премногу фантастично за да биде вистинито. Па всушност и не е, па скептичниот и внимателен пристап карактеристичен за вас ќе ја одигра клучната улога во спасувањето на ситуацијата.
Водолија
Во умот ви пролетуваат илјадници идеи и мисли, па време е да забавите и да започнете да решавате една по една. Одредете си ги приоритетите, заборавете на социјалните контакти и ќе победите без преголем труд и напор, а сите грижи ќе исчезнат до утре.
Риби
Длабок и значаен разговор ќе ви донесе многу подобри резултати од колку што очекувате, па затоа отворете се и слободни зборувајте за тоа што го чувствувате и мислите во моментот и ќе се изненадите како сите ѕидови пред вас ќе се срушат, а со тоа и ќе ви се прошират можностите.Овен
Попривлечни сте од вообичаено, и тоа може да ви помогне да освоите уште неколку срца. Дефинитивно, љубовта се чувству