Дневен хороскоп 22.02.2013

ОвенПод услов да се најдете во ситуација некој да се обиде да ве измами и да ве исфрли со насилна постапка, бидете прибрани, бидејќи само на тој начин ќе профитирате. Доколку се спуштите на ниво на личности кои имаат намера да ве загрозат, ништо нема да постигнете.
БикРабота, работа и само работа. Нема тешко да ви падне, бидејќи се што правите тече многу побрзо отколку што замислувавте. Бидејќи е таква ситуацијата, задавајте си повеќе обврски, бидејќи со леснотија ќе ги остварите.
БлизнациТема на денот е љубовта. Можеби сте пречувствителни и се доживувате посериозно отколку што е. Можеби некои работи ги запуштивте и станавте свесни дека со нив тешко можете да се изборите. Размислете.
РакСе ви оди лесно кога е во прашање работата. Доколку мислите дека не е така, грешите. Сите работи ќе си дојдат на свое место и ќе видите дека сте во право. Средината може многу да ви приговара, ама кога работата е во прашање – тука сте идеални.
ЛавМногу од вас ги очекува вистинско вљубување, а оние помалку среќните конфликт со партнерот. Денот е во знакот на бурни емотивни реакции, караници, но и помирување. Благодарение на инвентивноста, ќе постигнете успех.
ДевицаНепланираните случувања може да ви го разубават денот. Ве очекуваат среќни моменти, промена на околностите и успешни шпекулации. Ќе има и љубов, таа е вашиот главен стимуланс, движечка сила што ве води во животот.
ТерезијаСите постапки и работи се одвиваат потешко отколку што сте планирале. Морате да вложите дополнителен напор, да бидете трпеливи и да чекате. Тоа понекогаш тешко ви паѓа, бидејќи сте под негативно планетарно влијание.
СкорпијаПомладите припадници на овој знак се во фаза на емотивни преживувања, а оние постарите во фаза на преиспитување. Тие се обидуваат своите односи со средината да ги разгледаат и да заземат објективен став.
СтрелецКога некого треба да убедувате, вие сте вистински мајстор за тоа. Полесно ви е да зборувате отколку нешто конкретно да работите. Посебно тешко ви паѓаат физичките работи, кои сакате да ги префрлите на друг.
ЈарецКако по обичај, нервозни сте и немирни. Иако сакате да го покриете ова, тешко ќе ви појде од рака. Никако не дозволувајте самотијата и чувството на отфрленост да ве обземат. Во тој случај, сигурно ќе паднете во депресија.
ВодолијаИскористете ги поволните планетарни влијанија за оставрување на целите од деловна и емотивна природа. Никој не се сомнева во резултатот: ќе биде повеќе од поволен. Во фаза сте на експанзија и добро сте расположени.
РибиСклоноста кон хипотези може да ви го расипе успешниот ден. Доколку престанете да се оптоварувате со неважни работи и се свртите кон работата, ќе остварите забележливи резултати. Вашиот темперамент искористете го за остварување на целите.
 ОвенПод услов да се најдете во ситуација некој да се обиде да ве измами и

Пронајдете не на следниве мрежи: