Дневен хороскоп 23.05.2014Овен Имате добар увид во новите деловни решенија, но не можете сите конци да ги држите во свои раце. Големите амбиции треба правилно да ги дозирате, проценете го најдобриот момент за акција. Постојат цели кои се држат во тајност. Пред саканата личност оставате впечаток кој одговара на вашите потреби. Бик Од дистанца анализирајте нечие однесување на деловната сцена. Понекогаш ситуациите кои звучат убаво и примамливо, премногу се далеку од реалноста. Потрудете се да ги заштитите своите интереси. Психолошката тензија произлегува од емотивна слабост или неспособност одлучно да се спротивставите. Близнаци Потребно е да одговорите на нечија понуда или на прашањето за деловно-финансиска соработка. Нема потреба да тактизирате за работите кои ви се познати или да ги пролонгирате ситуациите кои влијаат на ефикасноста во работата. Ги потиснувате емоциите. Не сакате да признаете колку ви недостига нечие емотивно присуство.
Рак Нечие објаснување звучи неразумно и не ги задоволува вашите основни критериуми, упорно се обидувате да остварите подобра позиција. Но, на деловната сцена постојат различни критериуми за вреднување на способноста и успехот. Чувствувате психолошки притисок, имате впечаток дека партнерот внимателно ве набљудува. Лав Ситуацијата која за некого изгледа невозможна, за вас е возможна и имате секогаш решение, но за тоа не треба гласно да се зборува. Понекогаш е нужно да се употреби некоја тајна формула која носи среќа, добивка и емотивно задоволство. Потрудете се да ја израдувате саканата личност. Девица Нема причина премногу да ја истакнувате својата улога или да ги менувате застојаните правила во деловната соработка. Во финансиска смисла избегнувајте какви било ризици. Ако сакате некои случувања да добијат вистинска смисла, протолкувајте ги во договор со блиска личност. Важно е да ги усогласите своите мисли и чувства.
Вага Имате добро претчувство, затоа вложувате огромна енергија и подготвени сте да прифатите одреден ризик во договор со соработниците. Придружните компликации на пат кон целта стануваат неважни. Важно е да чувствувате емотивна инспирација, нечие присуство или постапки можат да ве подигнат во облаци.
Скорпија Новата ситуација на деловна сцена ја доживувате премногу лично и поради тоа правите погрешна процена. Внимателно слушајте за тоа што зборуваат блиските соработници, наместо работите и случувањата да ги гледате само врз основа на лични критериуми. Партнерот изгледа многу мистериозно. Стрелец Планот кој упорно се обидувате да го остварите во кругот на соработниците не претставува најдобро решение. Затоа, не затворајте ги очите пред фактите и не замолчувате ја личноста која се обидува да ве насочи во позитивен правец. Доколку сакате да имате добар однос со саканата личност не бидете тенденциозни.
Јарец Некој во вас поттикнува креативна енергија и дополнителна мотивација за работата со која се занимавате. Околината има позитивна улога за создавањето различни деловни комбинации. Преземете иницијатива и поставете јасни цели. Во емотивна смисла, имате добро претчувство.
Водолија Личното достоинство, лошото чувство за дипломатија не ви дозволува да се впуштите во расправа со соработниците. Заговарате практично и правилно решение, но некој од соработниците има скриени намери и упорно се обидува да ви наметне свое влијание. Избегнувајте нови емотивни провокации. Риби Зачувајте го оптимизмот и убавото расположение, важно е да го следите деловниот тренд кој ви овозможува афирмација меѓу соработниците. Постојат идеи кои немаат практична вредност, но носат добра реклама и репутација. Ако сакате се' да функционира на беспрекорен начин, морате да имате добра волја.Овен Имате добар увид во новите деловни решенија, но не можете сите конци да ги држите во свои раце. Големите амбиции треба