ОвенДојде моментот кога нема веќе време за премислување во недоглед. Одлуките морате да ги донесувате брзо, зашто добрите прилики не се повторуваат често. Во работата и во љубовта фантазијата може да стане реалност.
БикИмате се’ повеќе можности да дојдете до пари, само треба да ги препознаете. Во семејството владее добро расположение. На емотивен план нема важни случувања. Избегнувајте алкохолни пијалаци.
БлизнациГенерално, веќе некое време сте во многу бурен емотивен период. Ситуацијата лесно може да претежне и да дојде до целосен прекин на врската, или по сите потешкотии да се претвори во судбинска.
РакВо почетокот на денот ќе чувствувате блага напнатост, но вашата средба со саканата личност ќе ве олабави. Искористете го времето заеднички да го сработите сето она што не можете, често поради недостиг од време.
ЛавДенеска ќе бидете малку загрижени поради паричните издатоци што не сте ги очекувале. Можни се непријатности во семејството. На полето на љубовта се’ уште е стабилно. Здравјето е добро, но склони сте на алергии.
ДевицаПартнерот ќе биде емотивно растргнат поради случувањата во семејството, што може да се одрази и на вашиот однос и комуникација, доколку не покажете разбирање. На работа очекувајте ист проблем со колегите.
ТерезијаПодобра деловна понуда само што не стигнала, но немојте да се депримирате ако не биде токму онака како што сте очекувале. Мора да бидете свесни за своите можности. На емотивен план е променливо.
СкорпијаИако мислите дека сите лекции поврзани со односите сте ги совладале, знајте дека не сте во право. Потребно е да бидете посмирени и да не ја притискате саканата личност. Никој не сака кога му се загрозува слободата.
СтрелецЉубовната врска е се’ постабилна, но постои можност да се премислите во последен момент и да отидете на друга страна. Многу сте несериозни и неподготвени да прифатите одговорност, а тоа е многу важно.
ЈарецСе’ уште имате тешкотии, кои се однесуваат на станот и преселбата, но сте поблиску до решение. Не смеете да попуштите само така во разговорот што денеска ви претстои. Држете се до важните факти не грижете се.
ВодолијаНајмногу време минувате не размислувајќи за финансиската ситуација и можностите за заработка. На чекор сте до целта, но со нечија помош. Ако сте слободни, очекувајте промена.
РибиДенеска очекувајте поголема парична добивка или постигнување договор кој ќе означи финансиска стабилизација и да ве доведе до целосна независност. Можно е дури и купување на некоја недвижнина.ОвенДојде моментот кога нема веќе време за премислување во недоглед. Одлу