Oвен
Бидете спонтани, опуштете се малку и забавувајте се, а вашето добро расположение ќе послужи како потпалувач за целата екипа околу вас. Внимателно распоредете ја силата, за утрото и попладнето, за да ниту на едно место не претерате.
Бик
Одлични можности за заработка можат да излезат од секое ќоше, но меѓу нив само една ќе биде онаа вистинската. Затоа, памет во глава и не брзајте без да размислите, но исто така немојте да бидете и неодлучни па да ја испуштите можноста.
Близнаци
Малку се преоптеретивте и си земевте премногу одговорност на себе. Распоредете си го времето поквалитетно, не го трошете на работи кои не се апсолутно нужни и добри за вас, работата и семејството. Потребен ви е одмор, па пресметајте го и него.
Рак
Ден, два се околу вас ќе ви се гледа неразумно, но една од причините може да бидете и вие самите. Малку премногу сте повлечени, застанете под рефлекторите и покажете што се знаете и можете, ќе се чувствувате подобро.
Лав
Лесно влетувате во кавга, тука немате проблем, но денес ќе морате да припазите расправиите да бидат на некоја тема, а не за некои луѓе. Малку повнимателно избирајте зборови, не скокајте веднаш, туку размислете па одговорете.
Девица
Игнорирајте ги озборувањата кои се шират за вас, таа политика ви е најдобра. Добро си знаете кој сте и што можете, па затоа не им дозволувајте на завидниците да ви ја црпат енергијата, терајќи ве да размислувате за нивните мали и неважни животчиња.
Вага
Нема да застанете се додека работата не се заврши, но немојте до го потрошите апсолутно цел ентузијазам на тоа, оставете нешто и за партнерот кој денес копнее за вашето друштво. Затоа, по работното време, правец дома во неговите прегратки.
Шкорпија
Чудни и интересни идеи доаѓаат од вас и вашата околина, и добро би било да обрнете повеќе внимание на некои од нив, имаат потенцијал за многу повеќе од обични идеи. Истовремено внимавајте на можни кавги.
Стрелец
Денеска вашата индивидуалност е посебно потенцирана, па затоа обрнете внимание како кој реагира на вас, за да не направите некој погрешен чекор. Бидете пофлексибилни кон околината, и не дозволувајте да ве вовлечат во расправии.
Јарец
Малку сте down, едноставно сте исцрпени и не ви се прави ништо што е сериозно. Сакате да си се повлечете во својот приватен свет на фантазијата и малку да се одморите од секојдневицата која во последниве денови посебно ве измори. Што ви стои на патот?
Водолија
Малку ви е тешко да се отворите интимно на својата околина, посебно на луѓето во кои немате апсолутна доверба. Тој ваш став е сосема ОК, се додека не ве ограничува во животот, а токму тоа ви се случува сега. Олабавете малку.
Риби
Бунтовничкото однесување може да биде одлична работа, ако енергијата која таквиот став ја генерира се насочи во нешто конструктивно. Ако се буните, чисто за да бидете против нешто, подобро би ви било денес да си останете дома.Oвен
Бидете спонтани, опуштете се малку и забавув