Дневен хороскоп за 02.11.2013Овен
Енергијата што на високо ниво ќе ја поседувате денес, ветува задоволства и подготвеност за предавање и на најнепредвидливите искушенија. Затоа, храбро искажете ги вредностите, следете ги страсните вибрации и дозволете другите да го почувствуваат вашиот интензитет, темперамент и способност за прифаќање на авантурата.
Бик
Ретко и се предавате на авантурата, дури и во деновите кога постојат одлични можности за предавање на еуфоричното расположение. Ако сакате да го почувствувате задоволството, ќе мора да се ориентирате кон лицата и настаните што ветуваат хармонија и позитивен предизвик.
Близнаци
Слободно и храбро активирајте ја сопствената оригиналност, заборавете барем за момент на проблемите и тргнете храбро кон искушението. Ако ви се отвори можност за соочување со непознатото, прифатете го предизвикот. Најдобро е да дејствувате тактички, смирено и да се експонирате во јавноста.
Рак
Поради пренатрупаноста со обврските, ретко му се предавате на авантуризмот и на еуфоричното расположение, бидејќи ја преферирате интимноста и романтиката, така што ги избегнувате миговите што можат да ве соочат со непознатото и ризичното. Ви се препорачува да покажете способност за приспособување и барем за момент да го прифатите предизвикот на кој постепено ќе наидувате.
Лав
Ќе се обидете да заземете централно место во друштвото, така што не се исклучени конфликти и недоразбирања. Затоа, елиминирајте ги суетата, горделивоста и тврдоглавоста, ако сакате контактот да ви помине релаксирано и хармонично. Сепак, нема да се задоволите со никаква просечност, туку ќе се обидете на мегаломански начин да ги експонирате сопствените вредности.
Девица
Не е добро ако постојано го менувавте мислењето за одредени лица и настани што ве следат во животот, зашто со таквото однесување создавате конфузност и нестабилност, како при конципирањето на сопствените ставови, така и при воспоставувањето на контактите. Се препорачува да не бидете толку критички расположени, бидејќи наскоро ќе треба повторно да го смените однесувањето.
Вага
Време е да постапувате правилно и добронамерно во односите со лицата кои ве опкружуваат, зашто ако ја развивате нетолеранцијата, конфликтноста и тврдоглавоста, дополнително ќе ја оптоварите состојбата на емотивен план. Затоа, не дозволувајте да ве понесат емоциите, бидејќи не е дојдено вистинското време за експресно спротивставување на наталожените проблеми.
Скорпија
Не потпаѓате му на меланхоличното расположение, зашто ѕвездите ќе ви ја дадат потребната поддршка, така што не тагувајте по минатото, туку насочете ја силата кон перспективите на иднината. Најважно е што ќе ги препознаете сопствените слабости и што ќе го утврдите туѓото негативно влијание, што ќе ви помогне конструктивно да се насочите кон целта.
Стрелец
Тоа што ве привлекува и стимулира, ќе успеете да го реализирате, така што храбро насочете се кон целта и не оставајте ништо на случајот. Сепак, ви се препорачува да не ги трошите емоциите или времето на настани и контакти што не ветуваат хармонична перспектива. Затоа, бидете селективни и заинтересирани за воспоставување односи кои нема да се темелат на краткотрајно задоволство и интерес.
Јарец
Вложете ја енергијата во областите што ветуваат успех на подолготрајни патеки, зашто ако се ориентирате кон се и сешто, а најмалку кон она што суштински може да ви го хармонизира животот и да ви донесе реализација, тогаш неминовно ќе ги пропуштите позитивните аспекти на планетите. Затоа, елиминирајте го туѓото негативно влијание, согледајте што може да направите за себе.
Водолија
Денес како да ќе ви недостасува поголема решителност за надминување на проблемите, така што ве има зафатено меланхолијата и депресијата. Иако ѕвездите не се најхармонично поставени кон вашиот зодијачки знак, тоа не значи дека треба да се изолирате и да бегате од предизвиците. Ви се препорачува да ги препознаете суштинските приоритети, да ги избегнувате ризиците.
Риби
Добро е што го неутрализиравте пресилното влијание на надворешните фактори и што успеавте да ги држите под контрола страстите. Ѕвездите ве советуваат да се ориентирате кон златната средина и да сфатите оти без следење на вистинските вредности не може да се отвори позитивна перспектива. Елиминирајте ги ситуациите што ви ја создаваат несигурноста и стагнацијата.Овен
Енергијата што на високо ниво ќе ја поседувате денес, ветува задоволства и подготвеност за предавање и на најнепредви