Дневен хороскоп за 03.03.2013

Овен
Излеговте од емотивните проблеми. Дали сте незадоволни од партнерот или од самите себеси? Што и да направите, нема да ви помогне да го совладате внатрешниот немир. Вашата стара љубов ќе сака да ја обнови врската. Не сте во дилема.
 Бик
Уживајте како што само вие знаете. Не сте баш подготвени за предизвици, но бидејќи денешната ситуација ветува луд помин, феноменално расположение и максимална толеранција, искористете го секој момент.
 Близнаци
Се наоѓате во посебна психичка состојба, можен е висок степен на внатрешно спознавање и забележување. Ве заплисна бран на духовно будење и сеопшта љубов. Партнерот со своите проблеми помалку ви го одвлекува вниманието. Сакате несебично да му помогнете.
 Рак
Многу поволен ден за финансиски трансакции. Искористете го вистинскиот момент да свртите некоја пара и да инвестирате. Признанието кое го добивате ја потенцира состојбата на оптимизам и среќа. И партнерот успеа да ве коригира во однесувањето
 Лав
Оптимист сте во врска со идните случувања, тие се одлична компензација за вашето чувство на ниска вредност. На крајот од тие случувања ќе имате корист, вашите нагони ве тераат постојано да се докажувате.
 Девица
Бидејќи по природа сте перфекционист, константно сте незадоволни со она што сте го постигнале. Најдобро е да се свртите кон своето хоби за да се олабавите. За среќа, имате многу интереси. Пожелна е физичка активност, макар и пешачење.
 Терезија
Уживате во удобноста и во дружењето со луѓе кои имаат слични интереси како вас. Одлично се чувствувате, па токму затоа сте приспособливи и пресретливи кон луѓето. Бидејќи сте мили, никој не може да и одолее на вашата магија.
 Скорпија
Се нервирате затоа што пред вас има задачи кои бараат жртви, а вие не сте подготвени што било да жртвувате. Сепак, ако ја имате предвид конечната реализација и конкретни плодови, ќе ви биде многу лесно да дадете се од себе за подоцна да уживате.
 Стрелец
Не сте објективни во поглед на личните интереси. Партнерот веќе детално го анализиравте, барајќи и најмала причина да се скарате со него. Ако не ви одговара, запрашајте се дали можете нешто да направите за да ја подобрите врската.
 Јарец
Пукате од сила и желба да ги решите проблемите, но никако не можете. Овенот од блиската околина ви задава нови и нови задачи. Тамам ќе совладате една, тој смислува нова. Да се надеваме дека ќе успеете да му противречите.
 Водолија
Ве очекува успешен ден во секој поглед, дури и финансиски. Работата и љубовта веќе ги средивте, но што се однесува до финансиите веќе долго време ве притискаат. На волшебен начин се ќе го пронајдете излезот од овој нерешлив проблем.
 Риби
Не сте навикнати на штедење. Парите, меѓу другото служат и да ја фасцинираат околината. Суетата е изразена кај сите хороскопски знаци, а особено кај вас. Ситуацијата бара нови инвестиции и скромност. Тоа тешко ви паѓа, но приспособете се.Овен
Излеговте од емотивните проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи: