Откријте што ви предвидуваат астролозите во дневниот хороскоп за 04.05.2016 година!Овен
Би било добро денес да си ги преиспитате своите постапки. Ако ви се повторува истата ситуација тогаш извлечете заклучок од неа и сменете нешто. Ќе бидете нервозни и нетрпеливи, но без грижи, крајот од денот ќе ви донесе пријатно задоволство.
Бик
Денес ве очекува пријатно попладе со најблиските. Можеби на крајот од денот вашата сакана личност ќе ви отиде на нерви, но без брига, ќе успеете да се смирите и да не обрнувате многу внимание на зборовите кажани од другата страна. Внимавајте на дигестивниот систем.
Близнаци
Никако да го направите првиот чекор до личноста која ви се допаѓа. Денеска имате одлична прилика да го сторите тоа. Што побрзо посетете стоматолог.
Рак
Денес ќе го поминете денот во фантазирање. Но, еден дел од вашите фантазии се на еден чекор до реализација. Еден колега постојано ве прогонува. За сега, здравјето ви е стабилно.
Лав
Ќе се разбудите со ужасна главоболка и поради тоа цел ден нема да ви оди ништо од рака. Пораката која ќе ви стигне ќе ви ја поправи вашата психичка состојба.
Девица
Соберете ја целосно својата позитивна енергија и толеранција и пробајте да им одолеете на сериозните искушенија кои стојат пред вас. Имате целосна подршка од вашиот партнер. Внимавајте на алергиската реакција.
Вага
Личноста која неодамна се доселила на вашата улица ќе ве повика на кафе за подобро да се запознаете. Не се двоумете воопшто околу тоа, можеби на подвидок е и нова љубов. Крвниот притисок постојано ви варира.
Скорпија
Некоја незавршена работа ќе ви донесе сериозен проблем на вашето работно место. Бидете силни и завршете го тоа што сте го почнале со полна пареа. Едни костенести очи постојано ве пратат. Внимавајте, ви се заканува јака настинка.
Стрелец
Не а влошувајте ситацијата во која се наоѓате. За почеток, пред себе поставете си јасни, мали и остварливи цели. Не ветувајте за нешто во што не сте сигурни дека ќе можете да го остварите. Ќе имате болки во желудникот.
Јарец
Една непроверена информација која некако стигала до вас ќе ви направи проблеми. Партнерот чувствува дека нешто не е во ред. Бидете отворени со него и искрено разговарајте. Здравјето ви е добро.
Водолија
Ќе присуствувате на еден непријатен настан од кои многу нешта ќе ви станат појасни. Потрудете се да го разберете вашиот партнер. Пешачете повеќе.
Риби
Денеска ќе планирате да идете на шопинг, но внимавајте на документите, можно е да ги изгубите истите. Хранете се здраво.