Дневен хороскоп за 04.12.2014Овен
Денес ќе ви недостасува самоувереност за оние работи кои многу ви се важни. Обидете се да ги сокриете сопствените слабости и тоа со бегање во самотија. Можеби таа на момент ќе ви помогне да се позанимавате со некои работи кои смируваат и ви го враќаат вниманието.
Бик
Волјата за работа денес ќе ви биде со променлив карактер. Иако се чувствувате полни со енергија, не ќе можете да најдете начин таа енергија практично да ја искористите. Тоа може да ве доведе до засилена нервоза на работното место. На емотивен план состојбата е исто така променлива.
Близнаци
Може да се каже дека се наоѓате во супер позиција. Ќе работите вредно, но резултатите ќе ги видите подоцна, барем кога парите се во прашање. Па затоа како и обично ќе ве фаќа паника. Љубовните врски се стабилни сега за сега.
Рак
Ќе се зголеми бројот на обврски. Ситуацијата може нагло да ви се промени, па поради тоа овој ден ќе ви биде доста напорен, но ќе имате доволно енергија тоа да го пребродите. Бидејќи расположението ви е променливо многу ќе ви биде тешко да се разберете самите себе.
Лав
Денов ќе ви донесе некое изненадување. Најнапред на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои во принцип сте заинтересирани, но сепак не ќе можете се одеднаш да реализирате. Лавовите од првата декада ги очекува доста гужва и тешки проблеми. Не бидете толку строги кон партнерот.
Девица
Извршете ги службените обврски без никакви одложувања. Работите се одвиваат со голема брзина и затоа потрудете се да бидете присебни колку можете. Побарајте ги старите пријатели потребна ви е опуштена атмосфера со отворени комуникации.
Вага
Некои недоразбирања со вашиот претпоставен можат многу лошо да делуваат врз вашето напредување на професионален план. Бидете посмирени и обидете се да најдете заеднички јазик како не би ја ставиле во ризична положба вашата работа.
Скорпија
Подгответе се за доста немирен ритам на вашите активности во текот на денот. Ви престои опасност многу лесно да скршнете од вистинскиот пат. Затоа држете се за она што ви е најважно дури и да мора некому да му кажете „не“. Родените во третата декада ќе се чувствуваат доста емоционално и чувствително.
Стрелец
Ова би можело да биде доста успешен ден, но од вас ќе се бара многу ангажирање. Всушност и вие самите нема да бидете задоволни со себе ако не би работеле доволно. Што се однесува до финансиите ве очекува добивка на која не сте се надевале
Јарец
Не ви се најповолни условите за реализација на вашите планови предвидени за денешниот ден. Ве советуваме поважните работи да ги оставите за подоцна. На тој начин ќе можете да избегнете барем дел од стресовите кои ви се закануваат.
Водолија
Денес ќе бидете во одлично расположение и полни со енергија. Неопходно е да ја потрошите, но правилно. Не дозволувајте овој ден да го поминете во домашна атмосфера. Ви препорачуваме повеќе движење, средби со пријатели и забава.
Риби
Ве очекуваат многу контакти. Иако ќе мислите дека многу бројните разговори за вас се многу важни, тие можат само да ве вознемират и да ви направат нестабилни ситуации кои можат лошо да делуваат на вашите одлуки. Обидете се да ги задржите добрите односи.Овен
Денес ќе ви недостасува самоувереност за оние работи кои многу ви се важни. Обидете се да ги сокриете сопствените сла