Дневен хороскоп за 06.02.2014Овен
Ќе бидете во одлична форма. Внимавајте да не ја пропуштите добрата шанса. На работата не можете да се пожалите. Имате премногу обврски и тоа во време кога не е сезона за тоа. Но, ќе заработите добра сума и ќе почнете нови проекти.
Бик
Денес има шаси да донесете непромислени одлуки и да одите со глава низ ѕид. Најлошо од се е што околината има последици од вашето непромислено однесување. Соработниците тешко го следат вашето темпо. Амбициозни сте и растрчани на сите страни. Избегнувајте конфликтни ситуации со колегите.
Близнаци
Се уморивте од забави и од работа. Денес малку ќе здивнете и ќе се ослободите од тензиите. Креативноста ви е нагласена, па успех ќе имате во сите области поврзани со уметноста. Проблемите со несоницата се последица на вознемиреноста и склоноста кон фантазирање. Покрај креветот ставете ја омилена книга.
Рак
Се наоѓате пред важни промени. Не ви е лесно, бидејќи по природа сте личност што не сака да го менува начинот на живот. Многу околности укажуваат на тоа. Деловната ситуација не е на завидно ниво. Парите никогаш не ви се доволни, па очајно размислувате за дополнителен извор на приходи.
Лав
Ќе бидете чувствителни на влијанието на околината, па се дистанцирате од се што ве оптоварува. Ве очекува успех во работата поврзана со јавноста, медиумските односи, дипломатијата. Се двоумите во врска со донесувањето некоја одлука. Проблемите со крвниот притисок се поврзани со слабата функција на бубрезите.
Девица
Овој ден ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и се што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Можни се проблеми со бубрезите, инфекција или нешто посериозно.
Вага
Не сте расположени за работа. Ви одговара работа поврзана со уметност и со комуникација. Здравствената состојба не е задоволителна. Депресијата ве плаши, но на погрешен начин. Наместо да стравувате, посетете лекар. Многумина од вас се пред раскинување на емотивната врска или пред расчистување.
Скорпија
Пред вас се драстични промени. Мора да бидете смирени, за да не предизвикате нешто со фатални последици поради непромислени постапки, што подоцна тешко ќе можете да ги поправите. Размислувате за промена на работното место. Со соработниците сте на различна позиција, па расправиите се нормална појава.
Стрелец
Одличен ден за припадниците на овој огнен знак. Се што наумиле лесно ќе остварат. Благодарение на мудрите потези правите чуда. Успехот е неминовен, особено што се однесува на финансиската ситуација. Не стравувајте однапред. Здравствените проблеми се последица на стрес. Во љубовта сте мирни како бубачки.
Јарец
Пред вас е исклучително активен и комуникативен период. Некои проблеми сте ги надминале. Обидете се работата да ја завршите побрзо. Почнувате повеќе работи истовремено, а ниту една не завршувате. Здравствената ситуација ви е добра. На моменти депресијата може да го влоши расположението, но за среќа тоа е минливо.
Водолија
Фантазијата до таа мера е изразена што лесно може да застраните. Кога половина од тоа би се остварило би било добро. Се обидувате поголемиот дел од вашите обврски да ги префрлите на соработниците. Не сте во форма кога станува збор за работа. Една од причините е што емотивно сте преокупирани.
Риби
Збунети сте и се сомневате. Размислувате на погрешен начин. Инспирацијата одлично ве служи. Не дозволувајте лежерноста да победи. Искористете ја интуицијата за да им помогнете на сите на кои им е потребна ваша помош. Здравствената состојба не е лоша.Овен
Ќе бидете во одлична форма. Внимавајте да не ја пропуштите