Дневен хороскоп за 07.05.2014 годинаОвен
Убавиот период за вас продолжува. Интересните случувања во емотивниот живот уште повеќе ќе ја доведат до израз вашата позитивна енергија со која зрачите пред околината. Но, внимавајте да не претерате со искажувањето на чувствата, бидејќи веќе во наредниот момент можете да се почувствувате емотивно оштетени
Бик
Идеален ден за подобрување на односите со партнерот и за склучување нови пријателства. На успех може да се надеваат сите претставници на овој знак кои се вклучени во трговски зделки. Влеговте во период кој е одлично за стекнување материјално или друг вид богатство.
Близнаци
Спортувањето и физичката активност прават да се чувствувате во добра форма. И понатаму сте задоволни од развојот на настаните кога е во прашање љубовта, но треба да размислите колку сте подготвени да се жртвувате за да ги исполните желбите на партнерот.
Рак
За вас разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите и се однесувате коректно со пријателите и околината. Работата од вас бара да бидете систематични, па затоа се ви поаѓа од рака. За доброто расположение бидете му благодарни на партнерот и вистинските пријатели.
Лав
Многу припадници на овој знак денес ќе забележат успех, доколку работното место е поврзано со јавниот живот. Иако успехот е загарантиран, тремата и постојаната тензичност се неминовни одлики кои може да ве следат до искачувањето на врвот. Решавањето на емотивните проблеми ќе почека некои подобри денови.
Девица
Се е во знакот на успешната соработка и подобрувањето на материјалната позиција. Имате поддршка од лица родени во знакот на близнаци, кои можат навистина да ве насочат кон правилната цел. Бидејќи постојано имате некои нерешени проблеми, можеби е време да почнете со изнаоѓање излез.
Вага
Вложувате огромен напор за да ја постигнете саканата цел. Избегнувајте ги судирите со околината, бидејќи нема ништо да добиете со арогантноста и цинизмот. Проблемот на денот ќе биде вашата мрзеливост и чувството дека нештата не се под ваша контрола.
Скорпија
Изразената енергија ќе ја комбинирате со сензитивни реакции кои ќе предизвикаат чудење кај околината. Ѕвездите ве советуваат да не го губите здравиот разум и да дејствувате моќно како што знаете и умеете. Емотивните проблеми постојат кај сите, затоа не треба да се чувствувате како исклучок од нештата.
Стрелец
Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците кои ќе бидат предизвикани поради вашето нетрпение и постојаната нервоза. Доколку не сакате некој да се шегува на ваша сметка, тогаш би било подобро да бидете потолерантни и да слушнете што кажуваат другите.
Јарец
Премногу сте чувствителни и тоа ве води до можноста да направите погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите сопственото здравје и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината.
Водолија
Емотивната состојба ве загрижува, бидејќи подолго време се сомневате во довербата кон партнерот. Љубоморната страна на вашиот знак е главниот иницијатор за нестабилноста во вашиот емотивен и професионален живот. Кога малку би се олабавиле, би сфатиле дека нештата се онакви какви што посакувате вие.
Риби
Го избравте вистинскиот момент за акција. Никогаш не е доцна, но вие по правило донесувате вистински одлуки во погрешно време. Наредниот период е одличен за средување на вашиот емотивен живот. Направете избор помеѓу прекин на лошата врска или смирувањето со партнерот..Овен
Убавиот период за вас продолжува. Интересните случувања во емотивниот живот уште повеќе ќе ја доведат до израз вашата позитивна енерги