Дневен хороскоп за 12.12.2013Овен
Мали стресови на емотивен план ја прават вашата врска интересна и возбудлива. Не ви е здодевно, но се прашувате до кога лицето што е покрај вас ќе го трпи вашето однесување, и ќе се труди да ве толерира. Не сте свесни за сопствените слабости, па се трудите вината да ја префрлите на околината. Ако продолжите така, ќе останете сами.
Бик
Денес ќе ви биде силно изразена желбата за љубов. Доколку партнерот не успее да ги протолкува вашите желби, потрудете се да најдете заеднички јазик, а доколку не можете најдете си друг партнер. Активни сте и среќни, свесни за своите квалитети во секој момент. Продолжете со тоа темпо.
Близнаци
Потрудете се да ги средите односите со околината, а и да ги решите љубовни проблеми. Конечно се одлучивте за таков чекор, бидејќи работите се искомплицираа. Она од што најмногу се плашите е вистината, не сакате да и погледнете во очи.
Рак
Денеска многу работи ќе ви се случат во домот. Домашната атмосфера моментално е ваша единствена шанса да избегате од секојдневието. Премногу сте внимателни и не сакате да ризикувате. Здравствената состојба ќе ви биде одлична само доколку го решите проблемот со бубрезите.
Лав
Подгответе се за период на стагнација. По бурниот период кој го имавте, ве очекува смирување на ситуацијата. Вашите љубовни авантури не ви значеа буквално ништо периодов. Имате само една личност во вашите мисли. Не двоумете се премногу, може да ја испуштите. Работните обврски ќе ги завршите без проблем.
Девица
Решавате битни работи дури и по цена да се нервирате. Никако не го сфаќате однесувањето на лицето со кое сте во врска, но верувајте ни тоа не може да ве сфати вас. Претеравте со навлегувањето во проблеми, потрудете се да се извлечете од нив. Најдете компензација со оние работи што ги сакате.
Вага
Ви оди од рака да завршите повеќе обврски кои во меѓувреме ви се насобраа. Уживајте во хармонијата, задоволни со успесите на најблиските, а исто така и во прегратките на партнерот. Почнете да правите заеднички планови. Осамените Ваги може да го запознаат човекот на својот живот.
Скорпија
Земете од животот се што ќе ви се понуди. Отфрлете ги работите што не ви годат, но и лицата во чие друштво се чувствувате непријатно. Пред вас е професионален успех, проследен со финансиска добивка. Не можете да се пожалите ни на љубовен план. Се оди во комплет.
Стрелец
Влегувате во период кога очекувате многу повеќе од она што реално може да го дадете. Мора да се спуштите на земја ако сакате да го избегнете разочарувањето. Во својот живот морате да промените нешто целосно. Се уште не знаете што би можело да биде тоа.
Јарец
Имагинацијата е во игра, а тоа е добро ако се занимавате со уметност. Живеете во светот на соништата и идеалите, а тоа е лошо за практичниот живот. Во спротивно, ве очекуваат нервирања и беспарица. Со Близнаци сте во добро односи.
Водолија
Организаторскиот талент и способноста за пренесување на сопствениот ентузијазам на другите денес доаѓаат до израз. Колку ќе успеете во тоа зависи од вас самите. Потрудете се да бидете потрпеливи. Доколку сакате нешто да постигнете набрзина, успехот може да изостане. Потрудете се да не правите грешки.
Риби
И конечно на крајот некои ваши проекти ќе добијат материјална сатисфакција. Ви одговара сознанието дека работите добро, но нема да останете рамнодушни ни на парите. Потребна ви е енергија, одете на планина. Тоа ќе ви годи и ќе ве релаксира.Овен
Мали стресови на емотивен план ја прават вашата врска интересна и возбудлива. Не ви е здодевно, но се прашувате до ко