Дневен хороскоп за 16.05.2014

Дневен хороскоп за 16.05.2014Овен
Потрудете се да ги контролирате своите бурни реакции во присуство на другите. Можеби тие намерно сакаат да ве исфрлат од такт. Не дозволувајте им такво нешто. Кога подобро ќе размислите, ќе видите дека ништо не е вредно за нервирање.
Бик
Ќе дојдете до заклучок дека ништо не ви поаѓа од рака, барем не онака како што сакате. Се откажувате од плановите и се повлекувате во својот свет. Во него функционирате одлично. Фантазијата е интензивна, а можно е и да ви се исполнат навидум нереалните соништа.
Близнаци
Вашиот нервен систем е благо нарушен, а би било пожелно да направите се’ што можете за да го санирате овој проблем. Знаете што може да ве смири, олабави и причини задоволство. Имајте на ум дека животот е краток и дека, покрај работата, треба и да уживате.

 
Рак
Ќе бидете тврдоглави  кога станува збор за работата, но и здравјето. Мора да се соочите со вистината и да го свртите вниманието кон себе. Бидете претпазливи во сообраќајот. Потрудете се повеќе време да посветите на семејството и домот.
Лав
Релаксирајте се во друштво на лицето кое многу ви значи, бидејќи таа ќе направи се’ што е во нејзина моќ за да ви помогне во овој нестабилен период. Ве очекуваат неповолности во финансиското работење. Здравствената состојба ви е чувствителна, земајте ги лековите редовно.
Девица
Можни се емотивни проблеми, бидејќи го идеализиравте партнерот. Тој по којзнае кој пат ви дава до знаење дека сте на погрешен пат кога неговите чувства се во прашање. Не грижете се, туку насочете се во оние области во кои сте успешни.

 
Вага
Со вашиот партнер сте на различна бранова должина. Бидејќи сакате да знаете на што сте, тврдоглаво реагирате во погрешно време на погрешно место. Станувате агресивни со намера да дојдете до целта. Потрудете се да се олабавите и да излезете со пријателите.
Скорпија
Ќе мора да посветите повеќе внимание на здравјето. Несебично се исцрпувате веќе долго време, па лесно може да се разболите. Бидете умерени во се’, посебно кога се нервирате. Никој не е достоен да ви го расипе расположението. Некој е заљубен во вас.
Стрелец
Многу припадници на знакот моментално се во фаза на професионална и материјална експанзија. Во домот се трудите да му ги префрлите обврските да на партнерот. Зар не се прашавте до кога тој ќе го трпи тоа? Потрудете се да се промените!

 
Јарец
Ве очекуваат непријатности бидејќи не сте внимателни. За среќа, постои добро решение, само побарајте нечија интервенција за навреме да ги исправите своите пропусти. Во приватниот живот нема потреба наивно да верувате во среќата што доаѓа ненадејно. Се наоѓате во емотивна заблуда.
Водолија
Не сте целосно задоволни од емотивниот живот. Мислевте дека партнерот ќе ви даде поголема поддршка, но се излажавте. Имате чувство дека тој не само што не ви помага туку и ви одмага, но впечатокот е субјективен. По обичај, претерувате.
Риби
Нервозата е таа што ве спречува нормално да размислувате. Воопшто не сте во ситуација да го согледате својот моментален проблем, а уште помалку да преземете нешто и да го санирате. Секогаш победуваат вистинските вредности, само е потребно да помине извесно време.Овен
Потрудете се да ги контролирате своите бурни реакции во присуство на другите. Можеби тие намерно сакаат да ве исфрлат

Пронајдете не на следниве мрежи: