Дневен хороскоп за 16.09.2014

Дневен хороскоп за 16.09.2014Овен
Што е многу, многу е, дури и за еден огнен Овен. Прашајте се дали можеби претерувате со изливите на нежност и отвореност кон саканата личност. Веќе утре, поради тоа можете да паднете во немилост. Разум, или чувства? Најдобро е златна средина.
Бик
Надевајте се на успех во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Без оглед на успехот, треба да се биде реален во проценката, подготвен и правилно да се однесувате.
Близнаци
И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања. Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

 
Рак
Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение и здравите резони, заблагодарете му се на партнерот и пријателите; тие сесрдно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.
Лав
Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и судири, најдете поповолен момент за расчистување. Задоволството најдете го во работата, или занимавањето со спорт.
Девица
Ја имате поддршката на Близнаците, кои единствено во ваше друштво не се незгодни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања. Бидејќи се уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.

 
Вага
Проблем на денот е мрзливоста, која до некаде ви ја отежнува реализацијата на една важна задача. Се советува до средината на април да не вложувате пари, да не започнувате работи, туку да ги завршувате. Емотивните расчистувања, исто така одложете ги. Можни се полесни здравствени проблеми.
Скорпија
Денес лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди исто така постои, но со разумно и сталожено однесување, успешно ќе ги елиминирате.
Стрелец
Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците, предизвикани од вашата нервоза и пречувствителност. Доколку не сакате да правите шеги на своја сметка, немојте тоа да го правите ни на другите. Ќе ви се понудат прилики за патување, било да се работи за работа, или за одмор, а се знае дека тоа најмногу го сакате.

 
Јарец
Денес постои опасност од грешки. Бидејќи се’ држите во себе, можете да си го загрозите здравјето. Не обѕрнувајте се на околината. Таа не е вредна за вашето внимание, туку свртете се кон оние работи што ви претставуваат задоволство. Само така ќе ја надминете кризата во денот. Емоциите речиси секогаш лажат, разумот никогаш.
Водолија
Пречувствителни сте на ударите од страна, а особено неспособни да го увидите својот степен на одговорност. Не ги обвинувајте другите за сопствените неуспеси. Размислете за тоа колку сте самите одговорни за нив. Најлесно е да ја префрлите одговорноста на другите, но ништо со тоа нема да постигнете. Од нешто се откажувате со тешко срце.
Риби
Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се’, ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, во смисла на бегство од пропаднатата врска, или помирување со маните на партнерот.Овен
Што е многу, многу е, дури и за еден огнен Овен. Прашајте се дали можеби претерувате со изливите на нежност и отворен

Пронајдете не на следниве мрежи: