Дневен хороскоп за 18.05.2016

Откријте што ви предвидуваат астролозите во дневниот хороскоп за 18.05.2016 година!Овен
Можеби денес имате некакви обврски или работа, деловен ангажман со правни работи или документација, па оттаму не очекувајте премногу успешност, бидејќи и покрај вашата упорност аспектите покажуваат доста фрустрација на тој план и инхибиции, што значи дека нема баш да се „прославите“ со завршување на работата. Но, згора на сѐ, таквите расположенија можат да ги предизвикаат и роднини, постари со кои нема да имате трпение, а пак се работи за некакви семејни папирологии и документација, или пак во прашање може да биде и некаква доста неповолна вест од странство за здравствената состојба на некој роднина.
Бик
Денес може да немате баш многу пријатни моменти на пладне во траење од неколку часови, најверојатно два-три, бидејќи можно е некаков авторитет или претпоставено лице да ве фрустрира со јавни прекори за некакви ваши ангажмани или пак резултати од досегашното работење, кои иако може да се на место, сепак ќе сторат да се чувствувате доста непријатно. Би требало да помислите кому и што му кажувате, бидејќи прекорите се за работи кои сте ги кажале некому во доверба и кои на чуден начин сега излегуваат од устата на претпоставениот.
Близнаци
Денеска дефинитивно нешто понапорен ден, иако тоа може до пладне да не ви изгледа така, но на пладне поради некаков социјален статус, дружење, пријателство, може да се почувствувате ограничено. Можеби поради некакво однесување на пријател, кој се смета за авторитет во некоја област и негови аргументации на тема на која немате заедничко мислење, но не можете да му соопштите од многу причини и тоа може да ве фрустрира, бидејќи мислите дека треба да му одобрувате. Можете само да го сослушате и да не се возбудувате.

Рак
Може да се случува некој да ве саботира или да се обидува да го демонтира вашиот авторитет, значење, влијание, но зад грб, тајно и тивко, вие тоа можете да го насетувате, но не и да знаете со сигурност, па оттаму ќе ви е сеедно иако е во прашање вашата будност, само не во конотација на која веднаш помислувате. Будност, во овој случај, значи да сте убедени дека ова се случува, но да не ве деранжира и возбудува. Интересен може да е и односот со партнерот и обидите нешто да му се докажува.
Лав
Можеби денес ви е денот за докажување, но и таа ваша упорност и настојчивост да му докажете на некого дека не е во право, говори само за вашиот субординиран однос кон секој, кој во вашиот живот претставува авторитет. Иако вие тоа нема да го признаете, но низ постапки како што може да биде оваа денес околу пладне, ќе откриете за себе дека сте од оние кои знаат да „читаат меѓу редови“. На другите ќе им личите на силна, бескомпромисна личност која не знае за пардон ако мисли дека е во право.
Девица
Денес на пладне се можни мали инхибиции, кои ќе траат час-два, а во прашање е некакво ограничување или пак недостаток на пари и вашата фанатичност нешто да завршите токму денес. Искрено речено, прашањето не е баш за „нож под грло“ што се вели, може да почека и да го примите тој недостаток со мир. Не ви е прв пат, а какво што е времето, не е ниту последен, токму затоа свртете се малку кон хуморот.

Вага
Комуникацијата и односите се доста значајни, но не само на јавен план или на планот на занимањето, професијата, туку и комуникацијата и односите со најблиските, особено со брат/сестра, но поизгледно ако се постари од вас. Поради некакви досегашни односи или некакво аргументирање, денес околу пладне доста неспокој, вознемиреност, инхибиции.
Стрелец
Вниманието и тоа околу пладне може да ви биде преокупирано со некакво случување дома, со некој домашен, најверојатно со најстариот член на вашето семејство. Во секој случај се работи или за ваш родител или родител на родителот, т.е. баба или дедо. Имаат невидена потреба да се докажуваат пред другите, а тоа сте вие или другите членови на семејството, дека сѐ уште можат, се способни и силни, но за жал, не се и може да се случат доста несакани последици од таквите докажувања кои ќе ве фрустрираат, обеспокојат, вознемират.
Скорпија
Некој од вашата околина може со своите ќефови и задоволства доста да ве фрустрира, а најпрвин адресата е кон децата, ваши или на најблиските. Некои нивни играрии и можат доста да ве чинат и за нерви, а и на материјален план. И на планот на новите случувања на сентиментален план можете да очекувате фрустрации, но не од потенцијалниот партнер, туку од својот родител, со кого сте блиски и сега сака да знае сѐ, а вие не сакате да знае ништо.

Јарец
Здравствените проблеми на некој во вашата околина поткрепен со слабата кондиција и здравствена нестабилност, во последниот период може да ви го одвлече целото ваше внимание денес, посебно ако е во прашање и постар родител, па оттаму доста нервоза, инхибираност, чувство на беспомошност, немање самодоверба и слични состојби. Но, од друга страна партнерот е апсолутно на ваша страна и можете слободно да очекувате голема помош и поддршка од него, се разбира ако односите ви се во најмала рака подносливи. Ако не сте, ќе имате и дополнителна фрустрација и поради тоа.
Водолија
Денес нешто што може да ве дестабилизира. Партнерот може да ви биде мотивиран за некаква своја замисла или цел и да запиња како ретко кога да се оствари тоа што замислил, иако вие согледувате дека тоа како што тој го замислил не го бива и дека повеќе ќе бидете во зијан одошто ќе има некаква корист од целиот напор, посебно ако започнете да ги арчите и своите ресурси и врски. Во прашање е можеби потребата на партнерот да ви се докаже и претстави во некакво светло, па ќе биде доста суптилна работа да му се докаже дека не е потребно.
Риби
Очекуваната поддршка нема да дојде или нема да ја добиете, иако ви е ветена и тоа од авторитетен човек, пријател, или пријател на некој ваш близок. Значи не очекувајте денес ништо од другите како помош и поддршка, но не очекувајте ниту од себе баш премногу иако ќе бидете насочени кон својата цел или замисла, но понекогаш треба да се направи и чекор назад за да се тргне побрзо напред. Особено ова е поради вашата постојана желба некому нешто да докажувате.

Пронајдете не на следниве мрежи: