Дневен хороскоп за 18.06.2014

Дневен хороскоп за 18.06.2014Овен
Разговорот со претпоставениот кој сте го планирале веќе подолго време, конечно ќе се случи и ќе добие позитивен исход. Од многуте покани за излегување, изберете ја онаа која најмалку ќе ве оптовари.
Бик 
Ова е ден за контакти. Можни се договори или претходни проекти за евентуална соработка со некого. Во личниот живот сте спокојни и сигурни.
Близнаци
Денес е еден од најповолните денови во текот на месецот за остварување на задоволителна службена реализација и решавање на проблемите, првенствено од сферата на деловните обврски и бизнисот.

 

Рак
Денот е профитабилен, носи успеси во работата и создава предуслови за преземање на нови надлежности во деловната сфера. Голем дел од вас имаат конкретни планови за продолжување на активностите и за насочување кон нови задачи.
Лав
Вриете од енергија и вашите вербални напади и остриот јазик ќе го ставаат на местото секого кој им прогледува на работите низ прсти. Вашата раздразливост ќе ви донесе многу тајни непријатели.
Девица
Нешто ново и радосно ќе се случи во вашиот дом. Среќата е околу вас и таа нема да ве напушти ни за минута.

 

Вага
Ќе настапи поволен момент за нови потфати. Најважно денес е да си поставите цели. Така ќе се чувствувате подобро.
Скорпија
Имате добри можности за реализација на своите цели, но треба да дејствувате своеволно и цврсто.
Стрелец
Совладајте си го карактерот, бидејќи вашите реакции најчесто ќе влијаат во односите со домашните, а тоа не е добро за вас. Многумина ќе успеат да си ги решат љубовните проблеми.

 

Јарец
Денот ќе ви биде напорен и многу работи ќе ви одат на нерви. Одбегнувајте ги конфликтите.
Водолија
Ако денес имате тешкотии на работното место или во вашиот дом, тие се должат на вас. Не обидувајте се да ги контролирате своите емоции, бидејќи тоа не овозможува ниту вие да разговарате нормално со другите, ниту тие со вас.
Риби
Стремежот на лице од спротивниот пол кон вас, само на прв поглед ќе биде случаен. Всушност, станува збор за подолг и притоа комерцијален интерес од негова страна.Овен
Разговорот со претпоставениот кој сте го планирале веќе подолго време, конечно ќе се случи и ќе добие позитивен исход

Пронајдете не на следниве мрежи: