Дневен хороскоп за 19.02.2014.Овен
Денеска пријателите ви се главниот извор на социјални случувања, па свртете неколку телефонски броеви и веднаш ќе знаете што да правите преку целиот ден. Постои голема можност на тие дружења да запознаете личност која ќе биде од големо значење во вашиот приватен или професионален живот.
Бик
Размислувате позитивно, полни сте со оптимизам и надеж. Ваквиот пристап ќе ја зголеми вашата популарност во друштвото и ќе ги зголеми шансите за нова романса, доколку сте слободни, а оние кои се во врска би можеле да пронајдат нов деловен партнер
Близнаци
Обидете се на сите можни начини да ги избегнете несогласувањата и кавгите со семејството, не е добар ден за преговори и решавање на старите проблеми. За сега сте си самите на себе најдобар советник, па затоа тргнете се малку на страна и средете си ги работите во глава.
Рак
Доколку сте повикани на некоја фамилијарна или пријателска собиранка, појавете се на време и во полн сјај. Никогаш не знаете кој се може да се појави и да ве шармира, па затоа бидете спремни за романтично дружење и малку флерт.
Лав
Малку сте уморни, колку и да се чувствувавте добро помагајќи им на другите и вашите можности имаат свои граници. Денешниот ден поминете го мирно, опкружени само со најблиските, уживајќи во опуштена атмосфера која ви е многу потребна.
Девица
Ако ви се чини дека премногу често е вперен прст кон вас кога нешто ќе тргне на лошо, во право сте. Но проблемот е во тоа што им дозволувате на останатите да извлекуваат ваши зборови и да си ги толкуваат како што нив им одговара, бидејќи сакате да бидете таинствени. Денеска бидете директни и се ќе биде во ред.
Вага
Денот е како создаден за планирање, дали за нов распоред на мебелот кој веќе подолго време сакате да го примените или за некои важни одлуки поврзани со работата. Не дозволувајте да ви пречат, искористете го бранот од креативност за конструктивни промени.
Шкорпија
Иако сте задоволни со развојот на случувања на деловен план, искористете го денот за анализа на ситуацијата и можноста од компликација во блиска иднина. Треба убаво да размислите повторно да не сте си натрупале малку премногу работа.
Стрелец
Неочекувано брзите промени во домот и на работа би можеле да ве доведат во ситуација која неможете ниту да ја предвидите, па затоа би било фино да процените кои промени нема премногу да ве растревожат, туку ќе бидат катализатори за нови, подобри можности.
Јарец
Напливот на нова енергија ве прави желни за промени и работа. Но бидејќи и онака имате доволно работа, новите работи би можеле само дополнително да ви го оптеретат распоредот. Затоа подобро би ви било да се воздржите и да ја вложите енергијата во побрзо решавање на тековните активности.
Водолија
Појасна комуникација со околината ќе ви овозможи избегнување на нови проблеми. Денешниот ден е добар за концентрирано делување, па затоа одберете некоја активност која воедно ќе реши и дел од натрупаните обврски.
Риби
Поминете го денот правејќи работи кои ги сакате во кругот на семејството и пријателите, бидејќи се чувствувате омалаксано, а тоа е начин на кој најдобро ќе го вратите делот од изгубената енергија. Без големи и сериозни планови, само опуштање и забава.Овен
Денеска пријателите ви се главниот извор на социјални случувања, па свртете неколку телефонски броеви и веднаш ќ