Дневен хороскоп за 19.06.2014

Дневен хороскоп за 19.06.2014.Овен
Бидете претпазливи, многу од вас ќе се соочат со огромни тешкотии. Треба да дејствувате внимателно, затоа што денес среќата не  е на ваша страна. Срцето ќе ви го даде одговорот кој го барате. Во односите со блиските бидете великодушни.
Бик
Поволен ден, шанси за успех насекаде. Потребно е да сте упорни. Бидете либерални но и праведни кон вашите најблиски. Слушајте ги советите кои ви ги даваат.
Близнаци
Четврток е поволен за реализација на вашите цели. Денот не е поволен за преговори. Може да ви дојдат на ум многу идеи, кои ќе се реализираат следните денови. Внимавајте на исхраната.

 
Рак
Прифатете ги условите кога веќе не може да ги промените. Не дозволувајте емоциите да ве надвладеат. Нервозни сте, а една кавга ќе ви донесе многу проблеми во иднина. Бидете позитивни и добронамерни.
Лав
Лавовите функционираат по системот топло-ладно. На моменти се’ ви изгледа едноставно, проблемот и не постои за повторно да почнете да паничите. Се плашите и си поставувате хипотетички прашања. Ви се советува смиреност бидејќи најпосле ќе ви се оствари нешто за што долго време сте мечтаеле.
Девица
Многу Девици ќе се интересираат за книжевност и поголемиот дел од слободното време ќе го поминат во читање добра литература. Исклучително здрав интелект, мноштво идеи и планови ви се вртат денес низ главата. Обидете се да се дистанцирате од се’ и во самотија да најдете одговор на некои прашања.

 
Вага
Под услов да не сте банкротирани, ќе се чувствувате фантастично. Во секоја работа ќе ја гледате убавата страна, ќе бидете склони да уживате во ситниците и максимално да и’ се посветите на околината. Доколку останете без пари, размислете на тоа дека можеби премногу трошите.
Скорпија
Нервниот систем ви е многу напнат. Може причина за тоа е што се’ работите набрзина. Затоа обидете се да ја потиснете состојбата на хронично незадоволство. Обидете се да ја согледате вашата одговорност поради што и вашата емотивна врска не функционира.
Стрелец
Од другите го очекувате невозможното, па се разочарувате. Сметате дека во љубовната врска или партнерство сте оштетената страна, па планирате да се повлечете од играта. Ставот е погрешен. Издржите до крај, но во иднина добро размислите од кој треба да очекувате.

 
 
Јарец
Изразена е смислата за убавите нешта, а уште поголема желбата во нив да уживате. Не си скратувајте ништо. Дружењето со Лавовите и Вагите влијае позитивно врз вашето расположение. Тоа е барем лесно. Посветете им максимално внимание, но не занемарувајте ги и Стрелците.
Водолија
Не сте во топ-форма. Треба извесно време да се стрпите и да бидете помалку невротични. Не претерувајте со консумирањето храна, пијалак, секс и останатите работи бидејќи не е вистинскиот момент за тоа. Контролирајте се. Одморајте се со некоја добра книга или филм.
Риби
Често ве обзема чувство на инфериорност, проследен со несигурност, па се повлекувате во својот свет. Ја ставате главата во песок и се препуштате на пасивниот животен стил. Бидејќи сте Риба песокот очигледно нема да ви годи. Повеќе ќе ви одговара истражување на несвесните феномени и промена на животните ставови.Овен
Бидете претпазливи, многу од вас ќе се соочат со огромни тешкотии. Треба да дејствувате внимателно, затоа што денес с

Пронајдете не на следниве мрежи: