Викендот почнува, а може да биде незаборавен! Еве што предвидуваат ѕвездите за овој петок.Овен: Непланирана средба со пријателите и разговор за работата може да донесе освежување на работен план. Премногу ја идеализирате саканата личност. Ако сте осамени, внимавајте бидејќи личноста која ќе ви го привлече вниманието можеби крие нешто од вас. Проблеми со столицата.
Бик: Изморени сте на работа, издржете уште малку. Сметката во банка ви е речиси празна. Повлечени сте и со саканата личност гледате од сенка. Слободните Бикови чекаат повик. Имунитетот ви е ослабнат, внимавајте на здравјето.
Близнаци: Некој од пријателите се обидува да ви помогне околу промена на работата, но се уште не се чувствувате сигурно и не сакате да прокоцкате нечија доверба. Му се допаѓате некому. Вашата потреба да помогнете и да дадете совет е нагласена. Болки во грбот.
Рак: Ве лути супериорната положба на колегите. Вашето кратко отсуство од работното место донесе нови промени. Спремете се за посериозно прифаќање на обврските и водете грижа за комуникацијата. Некој ќе ве заинтересира на прв поглед. Не брзајте во проценката. Се уште не знаете каква е таа личност и што можете да очекувате од неа. Здравје: Ве боли грлото.
Лав: За момент ќе помислите дека сте во работен губиток и дека ви нема спас, но на крај сепак можете добро да поминете и да остварите профит. Оддалечени сте од партнерот и колку и да се обидува да ве услужи, едноставно не сте задоволни со неговите потези. Здравје-иритација на кожата.
Девица: Имате многу идеи, но ви фали реализација. Пријателите ви даваат упатства и помош. Задоволни сте со својот изглед. Чувствувате дека во непосредната околина некој ве гледа, но уште не сте заинтересирани да влезете во врска. Здравје-чувствувате голема напнатост.
Вага: Изгубени сте во морето од планови. Општото незадоволство од материјалната ситуација го пореметува работниот ритам. Бидете трпеливи. Ви се допаѓа некој кој е посупериорен од вас или за кој барем така мислите. Размислете како би функционирале со таква личност. Здравјето е добро.
Скорпија: Се обидувате да дадете се од себе во претпладневните часови и немате воопшто слободно време.Размислувате за некој кој не живее во вашето место. Сепак започнувате комуникација со некој од околината. Ве мачи главоболка, но ќе помине.
Стрелец: Збунети сте и несигурни. Не сте задоволни со положбата на работното место и им завидувате на оние кои се самостојни и имаат свои пари. Имате потреба да разговарате со саканата личност, но таа сега нема време за вас. Емоциите ги компензирате со пријателите кои покажуваат наклонетост кон вас. Изморени сте.
Јарец: Ако не можете да ги промените другите, сменете се себеси. Финансиите се во пад. Наскоро ќе морате да направите важна деловна промена. Се обидувате да ја поддржите саканата личност на финансиски начин. Ќе имате помалку време за приватниот живот, а уште помалку за разговори за минатото. Здравјето е добро.
Водолија: Работа-Немирот што го чувствувате не ви дава мир. Имате чувство дека нешто важно ќе се случи и дека тоа нема да биде добро за вас. Опуштете се и подобро организирајте го секојдневието. Љубов-Чувствувате тензија на емотивен план и сте на чекор да пресечете се и да свртите нов лист. Можеби во овој момент тоа ви е и паметно. Здравје: Хронични тегоби.
Риби: Размислувате за работата и смислувате стратегии за долгорочни инвестиции. Приоритет ви се недвижнините. Непотребниот трошок ќе го намали комфорот. Никако да се ослободите од некоја личност или ситуација од минатото. Ако сте осамени, личноста што ќе ја запознаете на улица или преку пријателите може да ви го привлече вниманието. Ве мачи главоболка.Овен: Непланирана средба со пријателите и разговор за работата може да донесе освежување на работен план. Премногу ја идеализирате