Дневен хороскоп за 21.02.2014

Дневен хороскоп за 21.02.2014Овен
Претераното истакнување пред соработниците привлекува негативни коментари. Губите драгоцена енергија на некои споредни ситуации. Потребно е правилно да ги решите своите емотивни дилеми, пред да ве доведат до незгодна ситуација. Внимателно анализирајте ги новите случувања.
Бик
Доколку ви е важно да го подобрите односот со деловните партнери, прифатете нечиј совет и променете ја својата сегашна стратегија. Организирајте некоја забава со саканата личност која одговара на заедничките потреби и вкус.
Близнаци
Пробувате да разрешите некои недоразбирања и ненадејни проблеми во комуникацијата со деловните партнери. Некој се труди да ве увери во своите добри намери, но не постои доказ кој би ве убедил во сериозноста на договорот.

 
Рак
Доколку сте незадоволни со нечие однесување, размислете за поефикасен пристап кон дијалогот. Најлесно е да се префрли вината на другите, но на таков начин целосната ситуација не ја решавате во своја корист. Чувствувате нов бран на емотивна инспирација.
Лав
Преокупирани сте со различни обврски, така што немате доволно трпение во исчекување на нечија услуга или одговор. Вашиот деловен статус лесно може да се промени на подобро, под услов да ве заштити една влијателна личност.
Девица
Размислете за алтернативни решенија, понекогаш треба да пробате со некои нови и необични идеи. Опуштете се. Не успевате да привлечете нечие емотивно внимание, дури ни со помош на адутите со кои до сега сте успевале. Грешите во својата процена, но се може да се подобри. 

Вага
Нема потреба упорно да наметнувате нови идеи за кои знаете дека соработниците не ги прифаќаат. Препуштете им на другите да се справуваат со ситуациите кои го надминуваат вашето знаење и професионално искуство. Со своето однесување оставате погрешен впечаток на блиска личност.
Скорпија
Доколку ве иритираат нечии ставови и однесување, избегнувајте нова кавга. Често умеете да идеализирате одредени случувања. Вашата емотивна несигурност е поттикната од преголемите желби кои моментално не знаете како да ги реализирате.
Стрелец
Делувате недоверливо пред соработниците и барате нови информации, за да можете на време да ги разјасните настанатите дилеми. Деловните недоразбирања можат да кулминираат на ваша штета, затоа бидете внимателни кому и што ветувате.

 
Јарец
Потпрете се на своите организаторски способности и бидете активни на различни страни. Обрнете внимание на личност која ве набљудува со заљубени очи и со топла насмевка. Планирајте нова љубовна средба.
Водолија
Некој може да ве изненади на многу лош начин и без објаснување за своите постапки. Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот, отколку да правите нова љубоморна сцена. Избегнувањето на вистината претставува погрешен избор.
Риби
Тестирајте ги своите професионлани способности во различни прилики. Неможете да останете рамнодушни на нечија појава и постапки, чувствувате емотивна тензија и извесно незадоволство. Немојте да и пркосите на личност која веќе добро ги знае вашите мани и слабости.Овен
Претераното истакнување пред соработниците привлекува негат

Пронајдете не на следниве мрежи: