Дневен хороскоп за 21.04.2014 година

Дневен хороскоп за 21.04.2014 годинаОвен
Исклучително успешен ден, барем кога станува збор за комуникацијата. Остварувате корисна конверзација, донесувате паметни и брзи одлуки, се во стил на Овенот – од срце. Бидејќи најмногу ви одговара активноста, бидете активни. Се советува внимателност при потпишување документи, но и помалку никотин.
Бик
Ви одговара се бидејќи имате конкретни аргументи и цврсти докази. Уште ако постои можност за заработувачка… Ги цените работите што носат практични резултати, не само затоа што сте Бик, туку и поради моментните околности. Интересите за маркетинг и другите видови комуникација треба да се почитуваат.
Близнаци
Се постигнувате со силата на волјата. Се наоѓате во фаза на борба за опстанок, која бара истрајност и јасна цел. Доколку ја немате, мора да си ја поставите. Водете сметка за сопствените слабости, првенствено во проценување на сопствените можности. Избегнувајте судири со околината, можни се провокации.
Рак
Ве очекува исклучително богат социјален живот. Врските што ги воспоставувате можат да бидат од значење за натамошниот тек на настаните. Проблемот на денот може да се јави во вид недостиг од цврстина и желба да се откажете од нешто. Не правете го тоа ни случајно, бидејќи овој пат сте навистина во право.

 

Лав
Исклучително сте активни и комуникативни. Кога подобро ќе размислите, имате и причина за тоа. Уживате во тоа со пријателите да го поделите најскапоценото – искуството и знаењето. Интелектот моментно ги победува емоциите. Чувајте се од скандали со личности од блиската околина.
Девица
Свртени сте кон кариерата и фактите. Можно е планирано патување со саканото лице. Организаторските способности, здравиот разум и впечатливиот шарм ве прават неодоливи, неповторливи и неизбежни. Кој може да му одолее на вашиот поглед? Едноставно фасцинирате!
Вага
Избегнувајте се што влијае на вашето расположение во негативна смисла, особено сомничавоста. Свртете се кон себе и своите недостатоци. Ќе видите дека има работа. Тешко е, но благодарно што се зафативте со овие проблеми. Доколку ги исфрлите на површина, ќе имате шанса да ги отстраните.
Скорпија
Тема на денот е мотивацијата. Под услов да имате причина, ќе бидете подготвени на се. Она што може да ви задава тешкотии е проблемот со белите дробови и тоа поради неумерено консумирање никотин. Потребно ви е повеќе кислород, па, можеби, излет во природа би бил вистинско решение.

Стрелец
Кога подобро ќе размислите, не сте вие виновни, туку вашиот партнер. Тој е дежурен виновник за сите проблеми. Бидејќи го детектиравте виновникот, сега треба да го санирате. Кога ќе согледате дека нерасположението трае и понатаму, заминете на пуст остров.
Јарец
Функционирате како типичен претставник на знакот- практично, резервирано, систематично и ефикасно. Речиси идеални сте, но погрижете се да не претерате во тоа за да не ви пораснат ангелски крилја. 
Водолија
Се е во знакот на задоволството. Со партнерот се обидувате да се усогласите, иако не ви оди. Тој посакува нежност, а вас ве интересираат други работи. Можеби некој друг е вистинска личност? Но, внимавајте само тој ги разбира сите вашите лудории и подготвен е да ви прости.
Риби
Сакате да направите систематизација кога е во прашање семејството.. Коренити промени се неопходни, иако се поставува прашањето колку сте подготвени за нив? Засега треба да се свртите на уредување на просторот во кој живеете. Можеби ќе успеете.Овен
Исклучително успешен ден, барем кога станува збор за комуникацијата. Остварувате корисна конверзација, донесувате паметни и брзи одлук

Пронајдете не на следниве мрежи: