Дневен хороскоп за 22.12.2014Овен
Денес ќе бидете баш опуштени. Нема да се срамите пред другите да ги покажете емоциите. Пријатната атмосфера на работа ќе ви ги олесни обврските. Уживајте во овој понеделник. Здравјето ви е добро.
Бик
Ќе треба повеќе да се потрудите се да го задржите позитивниот став кон партнерот. Финансиите ви се постабилни, а комуникацијата на работа е подобра. Немате проблеми со здравјето.
Близнаци
Верувате во добар исход од врската, но може набрзо да се предомислите. Партнерот не ви е стабилен. Не сте целосно сигурни и фокусирани на она што го работите. Можно е воспаление на грлото.
Рак
Денес слободните ракови имаат можност за емотивна и страствена средба. Ова не е ден кога премногу ќе се грижите за работата. Затоа време е да се одморите и повеќе да уживате, тоа ќе ви дојде одлично.
Лав
Некој посебно ќе ве инспирира да се покажете во подобро светло. Можеби тоа е љубовта која сакате да си ја повратите. Доколку сте во врска партнерот очекува да му обрнете повеќе внимание. Здравјето ви е добро.
Девица
Премногу размислувате и калкулирате, што ќе биде штетно за вашата љубов. Не планиринате работи секогаш се најслатки. Во работата се’ повеќе забошотувате. Бидете внимателни додека е време. Можна е аритмија.
Вага
Се’ почести се изливите на емоции и пишување љубовни пораки. Внимавајте да не бидете повредени. Се чини дека кога работата е во прашање стоите во место и не напрадувате, но тоа не е така. Здравјето ви е добро.
Скорпија
Очекувате повеќе разбирање од партнерот, но тоа не го добивате. Потрудете се да го извлечете најдоброто од моменталната ситуација. Денес ќе имате немир, а тоа ќе се одрази и врз работата. Пробајте да се фокусирате. Здравјето ви е одлично.
Стрелец
Денеска нема многу да внимавате за љубовта и партнерот, но внимавајте тоа да не ви се врати како бумеранг. Колку повеќе се плашите од неуспех, се’ повеќе му се доближувате. Здравјето ќе ви биде чувствително.
Јарец
Убав ден за љубов и за реализација на заедничките цели. Некои работи најдобро е да ги доведете до самиот крај. Можен е солиден прилив на пари. Пробајте да не се нервирате, периодов ви е стресен.
Водолија
Малото внимание може да предизвика голема среќа кај партнерот. Ви недоставува натпреварувачки дух, но не помислувајте да се откажете. Ќе се сретнете со стара љубов…Здравјето ќе ви биде добро.
Риби
Доколку сте слободни, новото пријателство може да ви донесе и разочарување. Советите од пријателите денеска посебно ќе ви значат. Понекогаш е подобро да ги послушате. Здравјето ви е добро.Овен
Денес ќе бидете баш опуштени. Нема да се срамите пред другите да ги покажете емоциите. Пријатната атмосфера на работа