Дневен хороскоп за 23.01.2015Овен
Посветете му се на семејството, пријателите, излезете на прошетка и релаксирајте се. Постојано се грижите за парите, кои навистина ви недостигаат, но смирете се, ви следи поволен финансиски период.
Бик
Ако очекувате некаква испорака, приход или ветен подарок денеска можете да бидете изненадени. Вложувајте повеќе во блиските врски и немојте да се одалечувате од драгите луѓе и борете се против чуството на осаменост или несватеност. Излезете со друштво, забавувајте се!
Близнаци
Контактите со странство било да е тоа преку патување, примање на посета или работна соработка, се е попозитивно особено за родените во првата декада. Ќе имате голема поддршка од поширокиот круг на вашите пријатели и соработници кои ќе ви помогнат со своите врски.
Рaк
Најубаво е во следните неколку дена да е занимавате со нешто креативно. Настојувањата можат да се и во правец да се запознае личност од спротивниот пол, а чувствата и емоциите да вршат таков притисок што можат да ви ги намалат критериумите и да бидете некритични кон вашите пориви.
Лaв
Можеби емотивниот интерес ќе ви наложи да се свртите повеќе кон домот, поради силната потреба за некаква сигурност или, пак, поради потреба да си ги наполните батериите. Од друга страна, ова може да биде врзано и со некаков емотивен ангажман кон некој од домашните, најчесто поради едниот родител и некаква негова проблематика.
Девица
Љубопитноста, не ретко, може да ве доведе во некакви критики, а и озборувања, на кои сте наклонети, иако може да се колнете дека не сте. Можни се манипулации и пресметливост во љубовните односи.
Вага
Со оглед дека сте под влијание на прилично силни синхронитети или среќни околности, можни се и ненадејни финансиски остварувања токму во следните два дена, но и понатаму бидете претпазливи, можните добивки не се константни и постојани.
Скорпија
Можни се бројни проблеми со околината поради потешкото искажување на чувствата. Од друга страна, ако сте од поекстровертните типови на овој знак, што, искрено, се многу малку на број, можни се искажувања на чувствената состојба кон лице од спротивниот пол. Но можни се и општи разговори со личности од опкружувањето на тема чувства.
Стрелец
Многу лесно ќе ги извршувате работните обврски единствено на што треба да внимавате се меѓучовечките односи. Родените во втората декада ќе бидат многу чувствителни на однесувањето на соработниците. Ќе поставувате важни прашања во однос на љубовта и нема да бидете многу сигурни во направениот избор.
Јарец
Денеска не очекувајте некои посебни настани. Се ќе се одвива по вообичаениот тек. Работите кои не ги сакате многу пробајте да ги доведете до крај. Ако сте во нова врска можеби ќе се разочарате и ќе размислувате што поскоро да ја прекинете.
Водолија
Вашата активност на работното место многу ќе се зголеми. Успешно ќе ги завршите започнатите работи, а финансиската состојба воопшто нема да ве загрижува. Некоја тајна љубов која подолго време сте ја криеле може да стане опасна за вашата кариера, затоа најдобро е веднаш да ја прекинете.
Риби
Вашиот настап значително ќе се ублажи, заменете ја вашата дрскост и зајадливост со шарм и добрина. Кај некои може да се случи на моменти да бидат премногу чувствителни и ранливи. Многу ќе се двоумите за тоа што ви е најважно во животот дали работата или љубовта.Овен
Посветете му се на семејството, пријателите, излезете на прошетка и релаксирајте се. Постојано се грижите за парите,