Дневен хороскоп за 23.06.2014

Дневен хороскоп за 23.06.2014Овен
Противничките удари едвај ќе го скршат ентузијазмот на Овните, но веројатноста да престанете со реализација на замисленото денеска, е голема. Тоа не треба да ве вознемирува. Уште денес, многумина од зодијачкиот знак ќе се ослободат од присуството на штетниците и ќе ги остварат своите цели. Бидете одговорни кон себе. Имајте на ум дека можете да се справите во секаква ситуација.
Бик
Денеска нема да постигнете голем успех или подобро кажано ќе имате делумен успех, кој едвај ќе биде задоволителен. Кај вас ќе се појави одредена агресија, ќе дејствувате избрзано и непромислено, што ќе ви предизвика проблеми и ќе ви постави пречки на патот. Ќе има што да научите од предлозите на партнерот, не робувајте на своето его. Обновете го интимниот живот, разбранувајќи заеднички интереси со партнерот.
Близнаци
Ова ќе биде напорен ден за Близнаците. Напорно ќе работите за да ги постигнете своите цели. Не влегувајте во расправии! Впрочем, никој не ви забранува, но користа од нив е сведена на нула, за сметка на зголемената опасност од штетата со која можете да се здобиете. Отфрлете ја суетата и сето она што ви е непотребно, доживејте ги малите радости за да имате поубав ден.

 
Рак
Овој понеделник нуди добри можности за успех кај Раковите. Ќе се судрите со тешкотии, но ќе успеете да ги отстраните преку нечија поддршка. Некој интересен предлог може да ви ги промени плановите и да ве забрза во работите, како што е истекување на времето за нешто или некоја друга важна информација, на која ќе морате да се приспособите.
Лав
На прв поглед овој понеделник може да се каже дека ќе биде тежок и непријатен, за многумина поврзан со кавги и полемики, но за некое време, овие настани ќе се претворат како основа за позитивни промени. Избегнувајте ги споровите на работа, бидејќи може да прераснат во поголема агресивност. Како целина денот не е погоден за нови потфати, но затоа на љубовно поле ќе имате возбудливи и силни доживувања.
Девица
За вас денес не е исклучена можноста да се судрите со административни проблеми или лаги на работа, но тоа нема негативно да влијае за реализација на бизнис целите и задачите. Не е потребно да правите планови, направете го тоа во текот на утрешниот ден. Овој ден е погоден за работа во домот и градината.

 
Вага
Многу поволен ден,со нагласен успех во заедничката работа, успех при остварување на ново партнерство, односно здружение. Невработените ќе имаат големи шанси за вработување. Денеска среќата е на ваша страна. Во однос на работата, можно е да ви доверат раководство на заеднички проект. Прифатете го предизвикот и создадете нешто ново.
Скорпија
Личните непријатности се карактеристични за Скорпионите овој понеделник. Во финансискиот аспект ќе настапат промени, кои за кратко време ќе ги опфатат и вашите професионални докажувања. Станува збор за промена на работата. Нема да ви недостасува самодоверба. Слушајте го разумот, ќе постигнете повеќе. Споделете го денот со вашите најблиски. На некои од вас им претстои ослободување од нечија зависност, финансиска или интимна.
Стрелец
Очекувајте поголема расеаност денес, и напнатост во односите со околината. И покрај се потрудете се да останете стабилни. За некои од вас, можни се патувања, а дел од нив можат да бидат и патувања поради саканата личност. Во секој случај уживајте во убавото време и убавите моменти.

 
Јарец
Јарците денес ќе бидат задоволни од  материјалните достигнувања. Можни се  контакти или преговори со кои некои од зодијачкиот знак ќе бидат ангажирани. Не е исклучена можноста да започнете некое ново партнерство во бизнисот. Во никој случај не дозволувајте срамот да излезе на површина, подготвени сте за она што ве очекува, затоа не треба да се грижите.
Водолија
Ќе имате нагласен успех на професионален и финансиски план овој понеделник. На работното место ќе се појават несогласувања со околината, но ништо поразлично од секојдневниот работен амбиент. Повеќе острина ќе се појави во јавните контакти. Љубовта е дарежлива кон вас, па ќе ви донесе многу силни емоции.
Риби
Нема сомневање дека за претставниците на Риби претстои еден плоден и успешен ден во кој достигнувањата може нема да бидат конкретно од материјална природа, но ќе имате шанса да се ослободите од незгодни и вознемирувачки деловни проблеми, што не е за потценување. За некои од вас можно е да се појави кратко патување полно со забава.Овен
Противничките удари едвај ќе го скршат ентузијазмот на Овните, но веројатноста да престанете со реализација на замисл

Пронајдете не на следниве мрежи: