Дневен хороскоп за 24.06.2015

Дневен хороскоп за 24.06.2015Овен
Ќе направите се за да бидете забележани. Верувате дека ќе ве прифати некој со кој претходно сте соработувале, обидете се да ги средите проблемите без премногу нервоза. Добро се согласувате со оние кои се далеку поуспешни од вас и очекувате да ве поддржат.
Бик
Ќе бидете во состојба да донесете одлука не размислувајќи за последиците и сите препреки со кои би можеле да бидете соочени. Не дозволувате никој на било кој начин да ве попречи во она што го планирате и поради тоа доаѓате во конфликт со оние кои се повозрасни од вас.
Близнаци
Ќе бидете насочени кон финансиите и некакви сериозни акции и трансакции кои мислите да ги сторите или кон некакво вреднување на некакви нешта, можеби дури и личности, низ сериозни и конструктивни разговори или размена на информации. Во оваа смисла и едното и другото може да се комбинира поради сериозен разговор за некакви финансиски прашања со едниот родител.

 
Рак
Се подготвувате за нови и поризични потфати. Само храбро и ќе имате успех. Ви се допаѓа некој со кој работите на деловен план, односно ви се допаѓаат неговите идеи и замисли за во иднина. Ништо нема да се смени доколку не покажете повеќе храброст. Внимавајте на финансиите, секој денар е важен.
Лав
Ова е ден во кој може да завршите многу работи или сериозно да размислите или пак да правите простор за некакви нови нешта, нови активности. Ова е ден на многу информации, многу можности за запознавања на нови лица, соработки кои ќе ви донесат поголеми приходи.
Девица
Утрото ќе ви биде резервирано за некакви финансиски муабети, активности или дела, во зависност од тоа дали ви е тоа работа или се во прашање некакви приватни работи. Всушност, ваквите тенденции можат да ви се провлечат и целиот ден да го поминете во пресметување пари за други а не за себе, а попладнето ќе си овозможите дружба или мал шопинг.

 
Вага
Денес и во следните неколку дена ќе ве држи засилен ентузијазам и волја за заработување или постигнување некаков успех на финансиски план кој не е исклучен, напротив. Но морате да останете во реалноста и да ја контролирате мечтата, бидејќи се работи сепак за некаков ситен дневен успех на финансиски план.
Скорпија
Вашата финансиска ситуација веќе подолго време е лоша, но тоа не значи дека треба да паѓате во депресија. Соберете се и размислете како да заработите повеќе пари. Тоа е сто пати подобро отколку да се самосожалувате. Остварете некои контакти со лица кои одамна не сте ги виделе и закажете состанок за идна соработка која за вас ќе биде повеќе од профитабилна.
Стрелец
Некој деловен проект кој требало да ви донесе профит, ќе отиде во сосема друга насока. Ако сакате да ја поправите оваа ситуација, ќе мора да ризикувате и да ловите во матно. Побарате совет од најблиските, особено од некој Бик, тие знаат како да дејствуваат со пари, размислете разумно и пробајте да се извлечете.

 
Јарец
Денес можно е да работите на две работи едновремено, да ја работите својата и да помагате некому во неговата, и тоа да го правите со леснотија, а притоа да имате неверојатна способност за забележување детали, ситници, кои на другите им промолкнуваат.
Водолија
Некакви социјални прилики, драми или пријатели ќе се обидат да ви ја намалат енергијата и веројатноста да успеат е голема, но можностите се такви со што лесно можете и вие да бидете тие што ќе предизвикате некаков мал скандал, расправија со пријател, или некакво ненадејно и брзо завршување на некои работи кои ги работите подолг рок.
Риби
Многумина мислат дека се инаетите, но вие сте само принципиелни. Во попладневните часови би требало да се слушнете со некој Јарец, Скорпија или Бик околу продолжување на соработката. Знаете добро што за вас би било најпрактично решение. Можно е среќавање со некоја Вага.Овен
Ќе направите се за да бидете забележани. Верувате дека ќе ве прифати некој со кој претходно сте соработувале, обидете

Пронајдете не на следниве мрежи: