Дневен хороскоп за 24.12.2014

Дневен хороскоп за 24.12.2014Овен
Сметајте дека сте зијан и не се ни обидувајте да ги ублажите работите. Од друга страна,ве очекува одлична комуникација со значајни но блиски луѓе кои ќе ви дадат совет, а можеби и некаква јавна сатисфакција, ако сте од понежниот пол на овој знак зависите од волјата и расположеноста на партнерот.
Бик
Имате еден куп дневни обврски кои ќе се прошират и во текот на неколку следни денови. Ќе се занимавате и со здравствената состојба на некоја подалечна постара роднина на која ќе и треба одредена помош. Во одделни случаи може да се очекува и ескалација на здравствен план на споменатата, посебно ако е хронично болна и тешко ја поднесува климатскава состојба.
Близнаци
Ќе имате многу креативни ангажмани, муабети, пријатни случувања со деца или на љубовен план. За последново, повеќе шанси за некакви нови доживувања имаат женскиот дел од знаков. Премногу од времето поминувате мислејќи на работи кои го оптоваруваат вашиот ум. Одморете се, и внимавајте на вашето здравје.

 
Рак
Сите случувања ви се врзани за домот, за некого во него или пак некакви нови случувања на сентиментален и интимен план, Не сакате да останете сами, па постојано барате личност која ќе биде покрај вас во секој момент. Внимавајте, не враќајте се на партнерите од минатото.
Лав
Имате интересен ден пред вас кој ќе ви донесе интересни случувања Ќе бидете опкружени со пријатели и личности кои имаат чувства и почитување кон вас. Тоа добро ќе ви дојде со оглед на тоа дека по малку ги запоставивте блиските личности во вашиот живот. Внимавајте и тие да не заборават на вас кога ќе ви бидат најпотребни.
Девица
Денес имате среќа со парите, но затоа пак со чувствата и љубовта ќе ви оди потешко. На полето на љубовта и чувствата кои вие ги имате кон некои личности можни се трансформации, некакви инсистирања да биде по ваше, од друга страна некаква бездушност кон или од децата и можности за нивна повреда поради тоа.

 
Вага
Можен е судир соколегите на вашето работно место. Не избувнувајте одеднаш, каде исчезна вашето трпение? Смирете се и земете ја контролата во ваши раце.Внимавајте да не ја пренесте негативната енергија и на вашиот партнер, тоа не би било во ред. Слободните пак, ги очекува блиска среба со личност од спротивниот пол.
Скорпија
Денес ќе сакате да сте малку сами, а од друга страна имате потреба од дружења, бидејќи знаете дека за успехот ви е потребна поддршка. Денес повеќе слушајте што има да ви кажат и советуваат значајни личности или барем една од нив. Повеќе “купувајте” отколку да “продавате”, бидејќи немате што, освен ваши концепции и нешто повеќе суета.
Стрелец
Денес ќе бидете опкружени со лицемерни пријатели на кои не би требало толку да им верувате. Сериозни муабети за некакви јавни настани или пак убави моменти со партнерот, можеби ќе имате повеќе трошоци или пак некакви обврски кои достасуваат во овој период на годината. Некои нови познанства, кои можеби на прв поглед се ветувачки, можат да испаднат ептен разочарувачки.

 
Јарец
Работата е во ваши, дали тоа што го правите на професионален план е поради некого да ве потчукнува по рамењата или го правите тоа поради лични мотиви и причини, не е познато. Можеби некој од ретките и значајни во кого имате доверба ќе ви шепне некој збор како поткрепа, но и без тоа напредувате во добар правец. На љубовен план, се ќе се одвива во најдобар ред.
Водолија
Внимавајте на количеството нервоза кое го манифестирате постојано и тоа на една тема, пари. Со латентниот стрес или полустресна состојба си го ослабувате имунолошкиот систем. Партнерот ќе биде малку нервозен од вашето однесување, потрудете се да го смените истото. Не оставате добар впечаток.
Риби
Денес е еден од подобрите денови за вашиот знак. На работното место ќе слушате само пофолби од колегите а секако и од надредениот. Ќе летате вооблаци. На љубовен план ве очекуваат романтични моменти со партнерот. За слободните ги очекува мала авантура со тукушто запознаена личност. Внимавајте можна е мала настинка.Овен
Сметајте дека сте зијан и не се ни обидувајте да ги ублажите работите. Од друга страна,ве очекува одлична комуникациј

Пронајдете не на следниве мрежи: