Дневен хороскоп за 25.06.2014Овен
Денеска ќе имате средба со едно лице на кое имате заборавено, но ненадејно ќе ве посети и развесели. Односот со соработниците ви е одличен, потрудете се да остане така. Погрижете се да блеснете на еден настан. Ќе имате голема корист од тоа.
Бик
Денеска потрудете се да бидете умерени во се и да застанете кога ви е најслатко. Еден стар познаник ќе ве покани на кафе, од пријатниот муабет ќе се роди забава до утро. Уплатете лото или вклучете се во некоја наградна игра. Среќата ќе ве служи. Здравствената состојба ви е одлична.
Близнаци
Ќе имате некои разговори кои можат да придвижат нови интереси. Бидете поактивни во општествениот живот. Самите наметнете се, не чекајте да ве поканат или да ви понудат нешто. Чувајте се од несакани повреди кои можат да бидат и сериозни. Не премислувајте се долго време.
Рак
Ќе се појави некој кој ќе ви го одвлекува вниманието. Денеска ќе биде доволно само некаде да се појавите и да го решите проблемот што долго ве мачи. Ќе почувствувате зголемен апетит. Играјте со отворени карти.
Лав
Некое познанство со непознато лице, ќе излезе многу подобро отколку што би можеле да замислите. Внимавајте како ги трошите парите, можна е грешка. Не поставувајте излишни прашања, нема да добиете одговор!
Девица
Во ваша близина ќе се најде некое лице што ќе ви понуди многу смеа и забава. Ќе бидете расположени за креативно и оригинално создавање. Ќе решите некој проблем што ве мачи долго. Не создавајте му дополнителни нервози на партнерот.
Вага
Ќе откриете дека едно лице е заинтересирано за вас и тоа ќе ве оптоварува. Сосема случајно ќе слушнете разговор што ќе ги одреди вашите понатамошни планови. Вашите слаби точки ќе бидат забите и зглобовите. Немојте да бидете груби со домашните и посветете им се целосно.
Скорпија
Внимавајте да не бидете денеска вовлечени во некој судир против ваша волја. Еден збор ќе биде доволен да ве прогласат за соучесник или дури и виновник за дела што некому му нанесуваат штета. Партнерот не го разбира вашето расположение.
Стрелец
Едно женско лице, со кое инаку немате добри односи, ќе ви излезе во пресрет и ќе ви помогне да ги решите проблемите од финансиска или деловна природа. Оние во брак ќе мора да се приспособат на навиките и потребите на роднините на партнерот.
Јарец
Денес ќе бидете расположени за разговор за проблемите и ќе посакувате мирно дружење во двојка. Партнерот сака да ве направи среќни, дозволете му. Ќе му се јавите на едно лице кое ќе ви помогне да решите некои финансиски двоумења. Време е да посетите стоматолог.
Водолија
Денеска не планирајте ништо, едноставно овој ден не е поволен за планови. Почекајте подобри времиња што наскоро доаѓаат. Измерете го притисокот и пијте повеќе течности. Не правете драми околу некои ситници.
Риби
Ненадејните трошоци ќе ве принудат да ги смените плановите за следната седмица. Премногу или, пак, премалку сон лошо ќе влијае на вашето расположение. Партнерот очекува внимание и не ја заслужува вашата несигурност.Овен
Денеска ќе имате средба со едно лице на кое имате заборавено, но ненадејно ќе ве посети и развесели. Односот со сораб