Дневен хороскоп за 25.09.2013

Прочитајте го вашиот дневен хороскоп за среда!
Овен
Денеска ќе бидете особено расположени. Доколку сте возач, можни се проблеми во сообраќајот, бидејќи концентрацијата овие денови не ви е силна страна.  Препорачливо е да започнете со менување на ставовите за околината бидејќи ги губите позициите кај луѓето. Партнерот очекува од вас да ја градите врската на доверба, но има чувство дека постојано нешто се обидувате да скриете.
Бик
Емотивниот набој што ќе биде изразен денес  ќе ги фрли во втор план вашите професионални активности. Убаво е чувството да се биде сакан, но не заборавајте дека работата нема кој да ви ја заврши доколку сами не го сторите тоа. Машките припадници на знакот конечно чувствуваат благодат, љубов и разбирање од саканото лице.
Близнаци
Денеска ќе се двоумите помеѓу две нешта од кои зависи донесувањето на конечна одлука. Можеби ви изгледа нереално, но за вас во периодов се отворени сите шанси за успех. Доколку погледнете малку отстрана, ќе забележите дека некој постојано се обидува да ве шармира. Решивте во Новата година да влезете така што ќе внесете темелни промени.
Рак
Мудро молчите во врска со некоја тајна што знаете дека би можела да им наштети на многумина. Не избрзувајте да им се доверите на најблиските и оставете малку да стивнат работите сами по себе. Мислевте дека воспоставивте хармонија со саканото лице, но повторно се излажавте. Не грижете се – старата љубов непрестано мисли на вас, а на повидок е средба.

Лав
Успеешно ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Деновиве практично размислувате и се подготвувате за нештата од кои ќе имате лична корист. Вашата природа не дозволува да се заморувате со проблемите на другите ниту, пак, да бидете нечие рамо за плачење. Уживајте во убавите моменти со партнерот.
Девица
 
Можеби е време да почнете да правите важни планови за приватниот живот. Тоа мора да го направите, набрзо планетите ќе ви пратат директни вибрации.  Премногу се опуштивте па заборавате дека вашето здравје е чувствително. Можеби е подобро да го намалите темпото и несоницата да ја замените со мирен сон.
Вага
Денеска ќе ви биде зголемена желбата за дружење , но и решавање на проблемите со кои самите не можете да се справите. Бидејќи за своите можности имате убаво мислење потребен ви е некој кој со аргументи ќе ве спушти на земја. Можно е пријатно друштво од некој близнак!
Скорпија
Ќе се потрудите да го спасите она што може да се спаси. Пред се насочени сте кон љубовта и желбата да ја зацврстите врската. Судирите кои ќе настанат во односот со партнерот се последица на индиферентниот однос кон спротивниот пол. Не сте секогаш во право затоа што и партнерот има нешто да ви каже. Ви претстои успешна комуникација со соработниците и патување кое добро ќе ви дојде.

Стрелец
Бурните емоции ги насочувате кон пријателите и тоа поради несогласување. Не умеете смирено да реагирате, туку им ја фрлате вистината во лице и ги шокирате. Доколку успеете да ја пронајдете златната средина помеѓу материјалните и духовните вредности, ќе се чувствувате одлично и ќе најдете одличен начин да функционирате.
Јарец
Денеска за вас би било подобро повеќе да се одмарите бидејќи уморот кој ви се насобрал овие дена ќе се одрази негативно на вашето здравје. Размислувајте конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате заснована е исклучиво на физичка припадност, или пак фантазирате за тоа.
Водолија
Денеска ќе имате средби со повеќе луѓе. Комуникативноста, една од вашите главни особини ви е во прв план па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Нема потреба да ги искушувате соработниците во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Партнерот постојано е на дистанца, затоа посветете му внимание и него.
Риби
Се чувствувате осамено а не знаете што ви недостасува. Моментално мислите дека судбината ви го свртела грбот. Една од причините за мрзеливост е намалениот имунитет но и сознанието дека потрошивте многу повеќе од она што планиравте. Нема потреба да ги зголемувате потребите во однос со саканото лице. Евидентни се засилени емотивни реакции.

Пронајдете не на следниве мрежи: