Дневен хороскоп за 26.12.2013Овен
Престанете да трошите сила на погрешни работи, поради што и се нервирате. Потрудете се да се промените, од таквото однесување нема да имате корист. Пред вас се многу планови кои набрзо треба да почнете да ги реализирате. Можни се немили случки и проблеми со срцето, бидете храбри.
Бик
Денеска вашите бурни емоции се насочени кон пријателите и тоа поради несогласување. Не умеете смирено да реагирате, им ја кажувате вистината в лице и ги шокирате. Тоа често ви се случува, не сте свесни дека им е непријатно. Потрудете се да се смените ако сакате повеќе да ве почитуваат.
Близнаци
Денеска кај вас ќе се пробуди желба за постигнување на успех. Се соочувате со предизвици кои воопшто не се лесни. Бидејќи, за чудо, сте темелни и истрајни, работите се одвиваат на задоволувачки начин. Изолацијата е единствено решение, сами мора да го одработите она што се очекува од вас.
Рак
Ќе бидете оптимистични во врска со идните случувања, тие се одлична компензација за чувството на пониска вредност. На крај и од тие случувања ќе имате корист. Подложни сте на влијанија од околината повеќе од нормално. Ако сакате да се заштитите, направете дистанца.
Лав
Во фаза сте на вљубување и потреба за уметнички изразувања. Искористете ја поддршката на планетите и тргнете во освојување. Остварете ја сопствената цел и доживејте незаборавни моменти. Кога ќе размислите подобро, нив ги имате многу, затоа бидете задоволни.
Девица
Вашата напорна работа доаѓа до полн израз. Сите замки успешно ги решавате и ги воодушевувате работодавците кои тоа и го очекуваа од вас. Се занимавате со истражувачка работа и детали кои бараат темелност, а вие сте вистински мајстор за тоа.
Вага
Чувствата останаа во втор план, а разумот победи, сфативте дека тие само ви пречат. Сите одлуки ги носите со главата, однесувајќи се конкретно и толерантно. Работата бара методичност и трпеливост, потрудете се да си создадете поволна атмосфера за работа.
Скорпија
Главните причини за своите нови постапки барајте ги во потсвеста. Посветете повеќе внимание на менталното здравје и почнете да размислувате за себе. Работата бара дополнително ангажирање, што ќе се покаже како исправно. Имате многу енергија, а тоа е вистински лек против нервоза.
Стрелец
Истрајни сте во решавањето на професионалните замки и јасно ги согледувате. Скромно ги признавате резултатите, давајќи до знаење дека други ви помогнале. Сочувствителни сте и подготвени да се жртвувате. Можни се здравствени проблеми кои не се за потценување, внимавајте.
Јарец
Околу вас има толку многу луѓе, а сепак се чувствувате осамено. Мислите дека никој не ве разбира. Тоа не би било голем проблем доколку не се разочаравте од партнерот. Во него вложивте премногу, па се чувствувате изневерено. Главата горе и тргнете во нови походи.
Водолија
Ви годи слободна врска, не сакате да ве задушува партнерот, па ќе реагирате на најмалиот негов обид во таа насока. Окупирани сте со финансиите, така што денешните емоции се насочени повеќе кон нив отколку кон партнерот. Парите можат да побегнат, а љубовта не.
Риби
Приемливи сте за негативни случувања или барем така размислувате. Постои опасност од здравствени проблеми, но и од несогласувања на работното место, ама има и начин да ги избегнете. Размислувајте конструктивно, а не емотивно. Ќе биде лесно за сите, но немојте да живеете во минатото.Овен
Престанете да трошите сила на погрешни работи, поради што и се нервирате. Потрудете се да се промените, од таквото од