Дневен хороскоп за 27.02.2014

Дневен хороскоп за 27.02.2014Овен
Денес сите активности ќе оставите да ви стојат во едно место. Ако мислевте дека сте ги разрешиле  проблемите, не се надевајте на празно. Бидете трпеливи, дисциплинирани и толерантни. Најдобро за вас би било вниманието да го свртите кон семејството или партнерот.
Бик
Имате потреба да изразите љубов, но бидејќи многу од работите не се одвиваат како што треба, ќе наидете на тешкотија. Потрудете се да ги оладите односите со околината, па очекувајте успех. Напнати сте, обидете се да се опуштите во топла купка.
Близнаци
Овој ден е одличен за комуникација. Потрудете се да организирате дружење со голем број луѓе. Најдобро за понатамошниот тек на настаните е да избегнувате конфликти. Јавете се на пријателите со кои долго не сте се виделе, но не го запоставувајте партнерот.

Рак
Полни сте со елан. Постојано брзате и сакате да завршите повеќе обврски. Ве очекуваат периоди кога ништо нема да ви оди од рака, а за да не наидете на проблеми, завршете ги сите заостанати работи. После напорниот работен ден, опуштете се во домашна атмосфера со семејството.
Лав
Внимавајте на енергијата бидејќи трошите повеќе од она што го поседувате. Напорно се борите, очигледно е дека сакате да се мачите. Немојте подоцна да се жалите ако се префорсирате или ако ги прецените своите можности.
Девица
Што и да правите, одлично се чувствувате. Целосно сте позитивни, а доколку не успеете да го искористите тоа, може многу да изгубите. Денес се’ ви изгледа едноставно и не грешите, затоа ве очекува успех.

 
Вага
Ова е успешен ден. За доброто расположение морате да се заблагодарите на внатрешната хармонија и сознанието дека некој ве поддржува. На мистериозен начин ги совладувате проблемите од финансиска природа.
Скорпија
На прв план секогаш ги ставате возбудувањата во љубовта. Бидете дипломати, попуштајте ако околностите го бараат тоа од вас за да успеете да избегнете посериозни проблеми. Оној што е покрај вас понекогаш ви пречи. Внимавајте при донесување важни одлуки, овој ден не е поволен за тоа.
Стрелец
Партнерот ве полудува, бидејќи сте премногу различни. Тој се труди да ви угоди, но очигледно не го сфаќате тоа. Многумина од вас немале можност да најдат сродна душа, но се наближува периодот кога ќе се случи тоа.

 
Јарец
Ви одговара осаменоста и тоа поради вашата наклонетост кон уметноста. Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале.
Водолија
Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат. Потрудете се да се дружите за да успеете да го промените расположението.
Риби
Голем дел од припадниците на овој знак ги очекуваат непредвидливи ситуации. Колку повеќе работите толку е подобро за вас. Потрудете се да бидете повеќе активни и јасно одлучете што сакате и тргнете во акција.Овен
Денес сите активности ќе оставите да ви стојат во едно место. Ако мислевте дека сте ги разрешиле  проблемите, не

Пронајдете не на следниве мрежи: