Дневен хороскоп за 27.10.2014

Дневен хороскоп за 27.10.2014Овен
Време е да го искористите вистинскиот момент за да ја остварите деловната идеја: нема сомнение дека ќе успеете. Бидејќи среќата обично оди во комплет, не можете да се пожалите ни на личноста покрај себе. Под услов да сте осамени, излегувајте колку што можете повеќе и дружете се.
Бик
Ќе чувствувате силна потреба за љубов, имате сила да се борите со предизвиците и исклучителна творечка моќ. Не навалувајте на партнерот со сила, ако сакате да доживеете убави, дури и незаборавни моменти. Бидете понежни, посуптилни, не ги покажувајте грубо своите чувства.
Близнаци
Доколку си го зададете невозможното и ги прецените своите можности, нервната напнатост неминовно ќе настапи. Затоа мора да ги намалите апетитите. Бидејќи поседувате зајакнати ментални способности, ќе избегнете опасност од измама. Слободните моменти минете ги занимавајќи се со нештата што ги сакате.

 

Рак
Успевате максимално да се опуштите и да уживате. Кусата пауза искористете ја да ги наполните батериите, зашто пред вас се животните искушенија. Моментално, пријателите и љубовта се заслужни за состојбата на среќа и убавиот изглед.
Лав
 Добро се чувствувате, расположени сте и комуникативни. Имате време за се’, па и за љубов. Ја ширите на сите страни во толкава мерка, што сте вистински расипник. Водете сметка да не ги потрошите сите адути.
Девица
Нервозата е придружно чувство што може да ве блокира. Обидете се да не обрнувате внимание на неа, туку свртете се на работата и нештата што ви претставуваат задоволство. Не влегувајте во расправи. Бидете потолерантни луѓето околу вас не можат да ја следат динамиката на менталниот склоп на една Девица.

 

Вага
Пред вас е успешен ден. Се чувствувате добро и таквата состојба поделете ја со најблиските. Бидејќи припаѓате на еден од најнесебичните астролошки знаци, умеете да делите и добро и зло со околината. посебно сте успешни во она првото. Затоа сте сакани и радо видени на секое место.
Скорпија
Ќе имате успешен ден, како на деловен така и на љубовен план. Внимавајте на здравствената состојба, период е на настинки а вие не се грижите за вашето здравје. Посветете му внимание на партнерот. Тој веќе размислува за радикални чекори. Затоа – памет во глава.
Стрелец
Ја прифаќате лажната слика за себе, што ја создавате за другите. Работата не смее да ги почувствува вашите слабости, но затоа семејството може. Тоа е одличен вентил за празнење. Сте се прашале ли до каде ќе можете да го издржите ваквото однесување? Не грижете се – наскоро ќе бидете како нови.

 

Јарец
Бидејќи сте подготвени за соработка и компромиси, со леснотија ги остварувате идеите. И повеќе од тоа: одлично се чувствувате, зашто владеете со ситуацијата на сите полиња. Посебно ве радува фактот што успеавте да се ставите под контрола. Во целата ситуација, тоа беше најтешко.
Водолија
Пребрзо носите одлуки, молневито дејствувате, но брзината и развојот на настаните му одговара на вашиот темперамент. Се советува одмор и пасивно комуницирање во вид на водење на преписки. Метаболизмот е лош, собирањето на течности во организмот големо, па од таму и чувството на тромавост.
Риби
Рибите – бизнисмени може да очекуваат деловен успех. Уште ако се занимаваат со трговија… Ќе има поволни аранжмани, но и пари. Сите ги критикуваат Раковите дека се зависници од пари, но нежните Риби во тоа ги надминуваат. Навистина, тие ги мразат парите, па тоа е една од причините што толку брзо ги трошат. Овен
Време е да го искористите вистинскиот момент за да ја остварите деловната идеја: нема сомнение дека ќе успеете. Бидеј

Пронајдете не на следниве мрежи: