Дневен хороскоп за 27.11.2014Овен
Овој ден не е поволен за правење на планови со лицата во кои немате комплетна доверба или имате лошо искуство. Можно е да станува збор за пријатели или членови на семејството. Денот е поволен за занимавање со уметност, сликање, пишување…
Бик
Ќе имате потреба да ги изразите своите идеи на оригинален начин или да направите договор со некој кој е сличен на вас. Верувате дека ќе ви помогне некој воден знак со кој повеќе пати сте имале прилика да се договорите за некои важни прашања. Денот е одличен за средба со пријателите или семејството.
Близнаци
Денес ќе правите планови во врска со кариерата и јасно ви е дека соништата не се остваруваат толку лесно. Многумина сметаат на вашата помош, но вие не сте во толкава мера подготвени да издржите. Користете ги своите врски и познанства за да дознаете некои важни нешта кои ќе ви помогнат да напредувате.
Рак
Ова е еден од подобрите денови за оние занесените, заљубените и чувствителните. Ќе доживеете одлично искуство благодарение на некое изненадување. Оние кои се занимаваат со уметност ќе остварат одлични резултати со помош на некој Бик.
Лав
Секој момент го менувате расположението, тоа е неповолно за вас и за луѓето околу вас. Ќе имате прилика да се покажете во најдобро издание, а соработниците и колегите ќе ве пофалат за тоа. Ако сте склони кон консумирањето алкохол во поголеми количини, денес можете да имате проблем со водените знаци.
Девица
Конфузни во меѓучовечките односи бидејќи неколку нешта не ви одат од рака. Сакате да постигнете многу, а не сакате да ги откриете своите намери, со што ја затворате можноста некој да ви помогне. Некој успеал многу да ве збуни. Месечината и Нептун ќе влеат нервоза кај конзервативните Девици.
Вага
Не ја пропуштајте шансата која ви се укажува во работата со лицата кои повеќе пати ја покажале својата лојалност дури и кога не сте биле сосема во право. Не се нервирајте ако не сте во состојба да го решите фамилијарниот проблем со кој подолго време сте соочени. Лавот од вас очекува финансиска поддршка.
Скорпија
Ќе добиете повик од некое лице кое ви е исклучително драго, а не сте го виделе одамна. Оваа средба ќе ви годи. На работа ќе имате мало несогласување со колегите, нека не ве обесхрабрува таквиот однос. Здравјето ви е одлично, но внимавајте на исхраната.
Стрелец
Напорен ден за оние кои не се во добри односи со членовите на семејството или кои имаат големи грижи поради нешто што не можат да го решат. Ќе добиете прилика да разговарате со некој кој прилично деликатно и нечесно се однесува со вас. Не навлегувајте во конфликти без претходно подготвени факти.
Јарец
Не му дозволувајте на никого да ве спречи во она што планирате да го направите или она што сте го планирале. Тоа веројатно се однесува на вашата кариера која во последно време стагнира. Некој Бик ќе ве повика на предизвик, прифатете го бидејќи можете одлично да заработите од тоа
Водолија
Верувате дека еден Рак, Риба или еден Бик ќе го одржат ветувањето без оглед што тоа што го очекувате од нив е прилично тешко за изведба.Не му верувајте на Јарецот кој ви носи еден куп неповолни информации. Можеби ќе бидете способни да најдете начин и простор за искрен разговор со некоја Девица.
Риби
Денес ќе бидете прилично нереални во врска со многу прашања. Вашиот занес кратко ќе трае бидејќи еден Бик ќе ве потсети што всушност значи реалноста. Не сте подготвени да одите до крај во плановите за кои мислите дека ќе ви донесат профит. Здравјето ви е во одлична состојбаОвен
Овој ден не е поволен за правење на планови со лицата во кои немате комплетна доверба или имате лошо искуство. Можно