Дневен хороскоп за 28.02.2013

Овен
Размислувањето, читањето и учењето се најдобра забава за денешниов ден. Ќе разберете што ви недостига и ќе завршите некој проект и едноставно ќе заборавите дека е работен ден. Пред крајот на денот треба да се опуштите и да се одморите.
Бик
Креативната и романтична инспирација што денес ве обзема е дефинитивно многу силна и би било лошо ако ја фрлите во корпа за отпадоци и работите нешто вообичаено. Излезете надвор, јавете се на некоја стара љубов или било што друго, и едноставно уживајте.
 Близнаци
Конечно ќе сватите дека сте ги запоставиле вашите потреби на сметка на вашите пријатели или партнерот, а за тоа време не сте добиле ништо за возврат. Вашето чувство за правда не ви дозволува така лесно да поминете преку тоа, но свеедно бидете воздржани колку што можете.
Рак
За да донесете квалитетна одлука секогаш ви е потребен мир и сигурност, а токму тоа можете да го добиете во кругот на семејството. Најдете си време за себе, разгледајте ги сите аспекти на можни решенија и изберете го она кое најмногу ви одговара.
Лав
Се чувствувате како некој да ви го тргнал килимот од под нозете и сега ви лебдат во воздух пред тешко да паднат. Можно е сеуште да ја избегнете катастрофата, но морате брзо и ефикасно да реагирате, инаку во спротивно ќе имате проблеми за какви не сте ни сонувале.
 Девица
Вашата интелектуална љубопитност и ментална нетрпеливост ги надминала сите ваши осигурувачи и сега сте во ситуација за која не сте навикнале. Препуштете им се на чувствата и започните поинтезивно да се дружите и да излегувате.
Вага
Тешко се концентрирате и неможете со леснотија да се посветите на секојдневните обврски. Потпрете се на семејството и пријателите,  нека денеска они ви бидат извор на сила и дозволете им да ве однесат надвор и да ви покажат што сте пропуштиле.
Шкорпија
Неочекувани задоволства, нови пријатели и малку авантуристички пристап кон светот,  вака можете да се релаксирате и да правите нешто ново. Бидете спонтани,  отворени да експериментирате  и уживајте во новостекнатата слобода од обврски.
 Стрелец
Околу вас во моментов се создава доста интересна и возбудлива сцена, и вие на ваше изненадување ќе бидете во самиот центар на случувањата. Погледнете околу себе и ќе видите дека се случува нешто ново и премногу пивлечно, па затоа приклучете се.
Јарец
Промената во вашата финансиска состојба ќе ве принуди на умерени и промислени инвестиции. Иако викендот е уште далеку, вие имате толку многу работа па едноставно незнаете од каде да започнете, но изборот е секогаш ваш.
 Водолија
Добро би било кога би сте си олеснале и би проговориле за тоа што ве мачи, за приватните и срамни детали кои сакате одма да ги заборавите. Но ако моментално тоа баш и не ви оди, побарајте помош од некој близок пријател.
Риби
Денеска настојувате да го зачувате чувството на одвоеност од останатите, но комплексните емоции кои ги чувствувате не ви даваат мир. Не се препуштајте лесно, зошто денес тоа би можело да ве доведе во незгодна положба. Најдобро би било кога би можеле да се концентрирате на својата работа без да им дозволите на другите да ви се мешаат во вашето подрачје.Овен
Размислувањето, читањето и учењето се најдобра забава за денешниов ден. Ќе разберете што ви недостига и ќе з

Пронајдете не на следниве мрежи: