Дневен хороскоп за 28.05.2015

Дневен хороскоп за 28.05.2015Овен
Денес ве очекува активен ден, можно е да пстигнете одамна посакувани резултати. Ве очекува напредок во сите сфери. Чувствувате колку луѓето околу вас ве почитуваат и ценат. Можно е да ви се исполнат соништата, но тоа може да се случи само со голем напор.
Бик
Денес може да ви се причини дека сите и се е завртено против вас. Подобро да не превземате ништо сериозно, туку да се фокусирате на завршување на обврските. Вашата лековерност може да ви создаде пречки на патот кон постигнување на целите.
Близнаци
Подгответе се за битка во работата. Вашиот нов пристап кон работите, ексцентричноста и острите искази може да ги иритираат колегите и претпоставените. Самодовербата и недисциплинираноста се работи кои можат да ве доведат во ќорсокак.

 
Рак
сложен ден на професионален план. Веројатно ќе почувствувате пад на виталната енергија. Плановите и мислите кои ви минуваат низ умот, нема да ви го донесат посакуваниот резултат.
Лав
Денот е поволен за склучување договори и преговори. Чувствата и емоционалниот живот ви се збогатуваат, а мислите ви стануваат конкретни. Веројатно ќе чуете добра вест што ќе ви го крене расположението.
Девица
Во првата половина на денот ѕвездите ви предвидуваат нова активност или замисла, но мора да ги држите плановите во тајност. Можни се пречки во втората половина од денот, тогаш контактите и средбите нема да бидат поволни.

 
Вага
Можни се конфликти со колегите на работното место. Потрудете се да не донесувате важни одлуки. Постои опасност од грешки, недоразбирање, духовен пад и заблуди. Новите идеи нема да бидат пречекани добро. Денес сте подложни на надворешно негативно влијание. Потрудете се да бидете ладнокрвни и мудри.
Скорпија
Контактите и деловниоте средби нема да ве доведат до саканиот резултат. Трудете се да не донесувате важни одлуки. Можни се конфликти во работата и со луѓето околу вас. Намалете ги средбите и комуникацијата со другите луѓе.
Стрелец
Можни се проблеми во односот со колегите. Потрудете се да ја одржите рамнотежата и ладнокрвно да ги гледате дури и најсложените проблеми кои никнуваат пред вас. Доколку успеете да пројавите такт и трпение, можно е да ја ублажите ситуацијата.

 
Јарец
Во првата половина на денот ѕвездите ги фаворизираат сите ваши замисли, дури и оние најризичните. Сепак не треба да ги споделувате намерите, можно е да предизвикате завист кај противниците.
Водолија
Подгответе се да ги одржите интересите во работата. Контактите нема да ви го донесат очекуваниот резултат. Наместо тоа, може да влезете во конфликт со законот. Признајте си ја грешката и се ќе се поправи.
Риби
Можно е намалување на самодовербата и тешкотии во комуникација. Ѕвездите ви ветуваат добра финансиска состојба и растечки приходи. Потрудете се да ја зачувате рамнотежата и вообичаената тактичност.Овен
Денес ве очекува активен ден, можно е да пстигнете одамна посакувани резултати. Ве очекува напредок во сите сфери. Чу

Пронајдете не на следниве мрежи: