Дневен хороскоп за 28.08.2015

Дневен хороскоп за 28.08.2015Овен
Ве очекува поволен ден. Успехот зависи  единствено од вас самите. Во секоја активност треба да ја пројавите својата самостојност. Не се потпирајте на туѓа помош. Постепено ги заборавате претходните навреди и разочарувања.
Бик
Денот е обележан со неочекувани судбински пресврти. Ситници ќе ви го одвлекуваат  вниманието. Иако вложувате напори, резултатите нема да бидат на ниво. Постои опасност од конфликти, затоа држете се понастрана од луѓето за да го задржите спокојството.
Близнаци
Активен, креативен ден поврзан со природната енергија, не се исклучуваат судбински пресврти. Денес жените се зафатени со извршување на непријатни обврски. Мажите од овој знак ги очекува предлог кој ќе ги принуди да пројават максимална посветеност, но сепак резултатите ќе бидат под очекувањата.

 
Рак
Продолжува поволниот период за склучување на договори и различни активности. Во професионалната дејност сепак можно е да доживеете неочекуван пад. Ѕвездите предвидуваат дека ви е потребна поддршка од влијателни луѓе, пријатели па дури и  роднини. Инаку очекуваните резултати може да бидат  блиску до нулата.
Лав
Денот е обележан со интересни познанства, креативни и деловни средби. Не е исклучено помеѓу вас и вашите соработници да се развијат пријателски односи. Внимавајте на зборовите, може да навредите  некој близок. Не одбивајте молби. Одвојте време и за одмор, фитнес, базен, јога.
 
Девица
Денес не се исклучени пресврти во судбината  кои ќе ве натераат  да пројавите брза реакција и максимална активност. Можеби плановите нема да ви ги дадат посакуваните резултати. Бидете внимателни при комуникација  со лица од спротивниот пол. Токму тие можат да предизвикаат проблеми денес.

 
Вага
Првата половина од денот бара од вас максимална дисциплина и организираност. Ви се натрупуваат проблеми. Морате да внесете ред. Можни се кавги со партнерот и затегнати односи. Од вас ќе зависи дали ќе дојде до разделба или не. Погледнете на работите од поинаков агол.
Скорпија
Денот е обележан со  провокации и неочекуван пресврт на судбината. Не се впуштајте во непријатни ситуации. Емоционалноста може да ви приреди лоша шега. Зачувајте ја смиреноста и анализирајте ги случувањата. Внимавајте при работата со документи. Постои веројатност од грешки. Позанимавајте се со домашните обврски. Тука ќе имате успех.
Стрелец
Денес службените обврски бараат од вас максимална дисциплина и организираност. Дома треба да внесете ред и да ги земете работите во свои раце. Внатрешната загриженост предизвикува компликации со партнерот. Се јавуваат кавги и мали проблеми. Не е нешто сериозно, но доволно за да ви го расипе расположението.

 
Јарец
Денес не се исклучени големи пресврти. Тие бараат од вас максимална активност и брза реакција. Поради вродената наивност можете лесно да наидете на стапица. Ова особено се однесува на работата. Бидете внимателни со жените таму. Можеби од нив доаѓаат проблемите.
Водолија
Активен креативен ден. Можен е неочекуван пресврт во судбината. Високиот животен потенцијал ве тера да пројавите максимална активност, но резултатите во општа линија нема да ве задоволат. Внимавајте при работа со документи и сметки. Може да се пројават проблеми.
Риби
Можни се неочекувани промени и пресврти. Бидете внимателни при работа со документација. Посто голема веројатност од загуби и измами, особено од материјална вредност. Не ги откривајте многу плановите. Анализирајте ја ситуацијата и делувајте претпазливо. Работата ви е единствената шанса  да стекнете доверба во сопствената сила.Овен
Ве очекува поволен ден. Успехот зависи  единствено од вас самите. Во секоја активност треба да ја пројавите свој

Пронајдете не на следниве мрежи: