Дневен хороскоп за 28.09.2016

Откријте што ви предвидуваат астролозите во дневниот хороскоп за 28.09.2016 година.Овен
Обидете се денес да останете смирени, иако ви претстојат напнати ситуации. Чекорите самоуверено кон својата цел, но ќе биде подобро ако не избрзувате премногу. Во сферата на работата ќе дознаете корисни информации кои најверојатно ќе ги применувате во иднина. Ве очекуваат многу емоции покрај некоја блиска личност на која ѝ претстои важен настан.
Бик
Исчистете ги мислите од колебливост и тргнете во остварување на своите идеи. Ова ќе направи подем во работниот процес и ви претстојат профитабилни резултати. Преиспитајте ги своите одлуки и со верба во себе ќе стигнете таму каде што сакате да бидете. До себе има човек кој со љубов ќе ви помогне да се надминат тешкотиите, зачувајте ја неговата доверба.
Близнаци
Преиспитајте ги мислите бидејќи премногу време им посветувате на туѓите проблеми. Направете нешто и за себе. Предлог за средба, прошетка или друг вид активност ќе ви го разубави денот. На други времето ќе им биде исполнето со пречек на гости или патувања. Во сите случаи нема да биде досадно.
Рак
Ви претстојат настапи во сфери кои не се предмет на вашите трајни интереси. Но, тие ќе ви помогнат да најдете нови квалитети и ќе ве поттикнат кон поголема активност. Други од вас ќе сакаат да се занимаваат со спорт или некоја друга физичка активност. Чистиот воздух ќе ги оттргне мрачните мисли ќе ви даде оптимизам и сила.

Лав
Одделете повеќе внимание на ситниците и ќе си обезбедите предност во претстојните настани. Со ризик да креирате тензии околу себе, бидете сигурни дека вашите напори ќе дадат резултати. Искористете ги предностите од многуте контакти и побарајте друго соодветно работно место во случај ако старото не ви одговара.
Девица
Внимавајте и обрнете сметка за тоа што и на кого зборувате. Претпазливоста ќе ви заштеди непотребни недоразбирања и расправии. Нема да недостасуваат можности и решенија. Бизнисмените реализираат комерцијална трансакција, кај некои со недвижности. Расположението ќе ви се подобри, а ако имате слободно време поминете го со блиските или пријателите.
Вага
Денес не се двоумете дали да започнете со организаторски активности, бидејќи вие сте единствените кои можат да се справи со сето тоа. Ќе сфатите дека другите немаат ништо против да ви веруваат и да ги слушаат вашите советите. Сепак, не претерувајте и не станувајте досадни.
Скорпија
Ви претстои сериозен предизвик на професионален план и ќе треба да положите многу напори за да се справите со него. Можеби ќе треба да се консултирате со специјалисти од други области. Штедете средства во оваа насока. Може да сметате на поддршка од страна на блиските за претстојните предизвици кои ви следуваат периодов.

Стрелец
На работното место ќе добиете можност за докажување на својата способност да донесувате брзи и соодветни решенија. Ова ќе ви помогне и ќе добиете добра оценка за квалитетите. Радосни вести ќе имате и во семејството. Можно е некои од вас да добијат вест дека ќе станат родители и ќе имате повод за прослава.
Јарец
Здравјето ви се стабилизира, а проблемите во работата се веќе минато. Земете длабок здив, насмевнете се, сонцето сјае и над вашиот дом. Можно е да добиете атрактивен предлог за нова работа која би ви го стимулирала креативниот потенцијал. Не дозволувајте да бидете должници.
Водолија
Професионалните активности ќе бидат крунисани со успех, но и ќе ви создадат повеќе тензија. Ќе почувствувате потреба да го заштитите својот труд. За тоа не се потпирајте се премногу на кого и да било. Умеете подобро да се браните. Романтичниот занес ќе земе поголем замав, но не фантазирајте премногу.
Риби
Авторитетот ќе расте и мнозина ќе се свртат кон вас за совет. Ова бара да бидете тактични, внимателни и нежни. Пазете се од искушението да манипулирате со некого, бидејќи ќе почувствувате многу наскоро сè ќе се врти против вас. Ве очекува финансиска стабилизација и обезбедување на поголема удобност за семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи: