Дневен хороскоп за 28.10.2016

Откријте што ви предвидуваат астролозите во дневниот хороскоп за 28.10.2016 година.Овен
Партнерот е подготвен да ви помогне кога тоа е потребно. Некои работи прво расчистете ги со себе, а потоа и со другите. Избегнувајте ги пороците.
Бик
Со партнерот одлично се надополнувате, но се карате околу ситници. Кариерата ви е приоритет, но сепак одморете малку. Се соочувате со зголемен апетит.
Близнаци
Партнерот ги поддржува вашите деловни амбиции. Денеска започнува полесен период за вас. Ќе имате појасни цели. Одморајте се и посетете лекар.
Рак
Партнерот ви е голема и цврста поддршка. Станувате сѐ подинамични, па сѐ уште не се прилагодивте на таквото темпо. Здравјето ви е добро.

Лав
Потрудете се ја одржите идилата во љубовта на малку подолго време. Во најблиското окружување постојано имате личност која постојано ве кочи со советите што ви ги дава. Здравјето ви е чувствително.
Девица
Во овој момент најмногу ви одговара кога сте со пријателите. Ве очекуваат поволни работни денови, посебно доколку се занимавате со пишување. Чувствителен ви е нервниот систем.
Вага
Партнерот е амбициозен, па немојте да му пречите. Кога е работата во прашање мора да одите чекор по чекор, полека. Помогнете им на најблиските. Здравјето ви е добро.
Скорпија
Ви претстои интересна средба во поголемо друштво и ново пријателство. Помалку негативни мисли, а повеќе оптимизам. Здравјето ви е добро.

Стрелец
Партнерот ќе се промени на подобро. Финансиски малку закрепнавте, но и понатаму трошите на непотребни работи. Здравјето ви е добро.
Јарец
Уживајте во љубовната идила. Многу сте внимателни кон партнерот. Средбата со постарите пријатели може да значи и почеток на деловната соработка. Можни се алергии.
Водолија
Доколку ви е здодевно во врската, потрудете се да ги подобрите работите. Финансиската ситуација и понатаму ве загрижува. Здравјето ви е добро.
Риби
Не ви одговара тоа што премногу чесно се слушате и се гледате со партнерот. Кратката деловна пауза добро ќе ви дојде. Немате проблеми со здравјето.

Пронајдете не на следниве мрежи: