Дневен хороскоп за 29.09.2015

Откријте што ќе ви донесе денот.Овен
Денес е сосема можно да се соочите со значителни проблеми поврзани со приватноста. Може да запознаете со човек кој ќе влезе во вашиот живот или пак можно е да прекинете стара врска. Во никој случај не заборавајте на луѓето кои досега ви помагале.
Бик
Денот е одличен за физичка работа. Избегнувајте нарачки на скапи работи или пак да ризикувате со пари. Поминете го денот со семејството, пријателите или пак играјте некои игри со децата. Слушајте ги советите на пријателите. Нивните размислувања се вистинити, навремени и точни.
Близнаци
Ограничете ги контактите со погрешни луѓе. Позицијата на ѕвездите ве предупредува за непредвидени трошоци и за некое незадоволство од сѐ околу вас. Потрудете се да се однесувате критично кон сопствените постапки. Адаптирајте се кон околностите.

Рак
Време е да расчистите некои лични, семејни или роднински проблеми. Можно е многу од вашите планови да бидат осудени на неуспех, а надежите кои ги имате за нив да ви пропаднат. Ова може да доведе до пад на расположението и да изгубите интерес за сѐ околу вас. Подигнете го духот со пријателите кои знаат секогаш да ве расположат.
Лав
Денот минува во знакот на интуитивната работа, поддржана со прецизни активности. Ѕвездите препорачуваат да намалите со активностите и да се посветите на вашите чувства и мисли. Доколку денот го посветите на креативноста, ќе постигнете рамнотежа во емоциите. Дозволете си една прошетка во природа, која ќе ви даде сила и ќе ве исполни со позитивна енергија.
Девица
Денеска ви се отвора можност за продуктивна работа, но и за активен одмор и креативност. Денес сте избалансирани и ваша тенденција ќе биде да ги следите општоприфатените норми. Ѕвездите ви предвидуваат успех на сите полиња. Денот е одличен за романтични искуства. Како резултат на успесите ќе се чувствувате задоволни од себе.

Вага
Ѕвездите денес се наклонети кон вашата креативност и стекнувањето нови знаења. Денот е одличен за почеток на нешто сосема ново и одличен за поправка во домот. Вашата интуиција е одлична. Она што го чувствувате е точно, додека активностите ќе ви завршат со резултат подобар од очекуваниот. Периодот е одличен за вежбање.
Скорпија
Завршете го започнатото и почнете со нешто ново. Периодот е поволен за колективни обврски. Послушајте го советот на своите пријатели. Нивните размислувања се точни. Соновите можат да ви се исполнат доколку сте ги сонувале и пред тоа.
Стрелец
Денес, вишокот на енергија може да биде уништувачки за вас. Овој ден може да ве натера да се возбудите силно. Големи се шансите да пројавите невоздржаност во однос на околината. Внимавајте, бидејќи од вашето однесување зависи и финансиската состојба. Односите со спротивниот пол ќе ви донесат нервоза.

Јарец
Различните обврски и проблеми ќе ве натераат на максимална активност. Денес, цел ден ќе се занимавате со неповолни обврски каде нема да имате време за одмор. Вечерта можете да поминете пријатни мигови со пријателите. Малку флерт нема да е на одмет. Не претерувајте со тешка храна и алкохол.
Водолија
Овој ден ви дава широки можности за креативност. Денот е прекрасен за љубов или романтично доживување. Впуштете се храбро во нови авантури. Како резултат од ова ќе бидете исполнети со обновени чувства, дури можно е да се почувствувате повторно вљубени.
Риби
Од вас се бара да се однесувате воздржано и со повеќе трпение кон слабостите на другите. Оставете ги луѓето да научат сами како да размислуваат за своето однесување и да имаат во предвид што мислат и останатите околу нив. За разлика од истите тие, вие сте импулсивни и активно се стремите кон лидерство. Ова создава впечаток во околината дека барате некакво несогласување.Овен
Денес е сосема можно да се соочите со значителни проблеми поврзани со приватноста. Може да запознаете со човек к

Пронајдете не на следниве мрежи: