Дневен хороскоп за 29.10.2013

Прочитајте го вашиот хороскоп за вторник (29.10.2013).Овен
Овој ден е поволен за  расчистување со минатото. Оние кои се во подолга врска, можно е дури и да и стават крај на истата. Некому ќе му биде тешко да го прифати тој факт и да продолжи понатаму со животот, но ќе мора да се соочи со реалноста.
Бик
Проблемите кои ви се случуваат во љубовта нема да ве заобиколат, но подобро ќе ги поднесете за разлика од вашиот партнер. Следните денови очекувајте чести повици и рака за смирување. Во семејството владее лошо расположение, преземете некакви мерки.
Близнаци
Денеска расположението нема да ви биде на завидно ниво. Можни се расправии кога станува збор за љубовта, но ќе имате енергија да ги надминете. Сепак, најголеми потешкотии очекувајте со здравјето, пијте повеќе чаеви.
Рак
Кога станува збор за кариерата нема да имате поголеми проблеми освен ситни недоразбирања со семејството. Со партнерот може да се скарате поради финансиите, што нема да ве изненади бидејќи тој проблем го имавте и претходно. Можна е главоболка, потрудете се помалку да се заморувате.

 
Лав
Овој ден не е поволен за  да се истакнувате себе си на работното место и во друштвото. Можете да наидете на отпор од оние кои не ви се ни до колена, чија љубомора е голема, многу поголема од она што можете да си го замислите.
Девица
Не е исклучена можноста  некои работи кои не сте ги правеле претходно да ви направат проблем. Некој од минатото ќе се појави и ќе ви го уништи денот. Доколку сте го лажеле партнерот, може да ве открие. Бидете внимателни!
Вага
Изминативе денови прилично се потрошивте сакајќи да оставите добар впечаток пред пријателите. Можни се финансиски проблеми кои ќе потраат. Денеска очекувајте само опомена. На љубовен план, нема да имате промени.
Скорпија
Избегнувате  да се соочите со проблемите на љубовен и деловен план, додека уште имавте време да ја свртите ситуацијата во своја корист. Денеска нема да ја имате таа можност. Здравјето ви е добро.

 
Стрелец
Ситуацијата на емотивен план е лоша, па денеска најмногу за тоа ќе размислувате. Можно е нерасположение. Ќе имате впечаток дека премногу се трудите, а врската ви е се’ полоша. Здравјето ви е солидно.
Јарец
Вложивте многу пари во погрешен момент и сега  бележите загуба. Со мала помош од пријателите можеби ќе успеете да решите дел од проблемите. На емотивен план повторно владее нестабилност. Не очајувајте, ова е само еден минлив процес.
Водолија
Како што често ви се случува така и овој пат, имате потреба да се истакнете по секоја цена, но не треба да се служите со сите средства на патот кон целта. За некој ден може да се случи непријатна ситуација.  Љубовната врска е пред нејзиниот крај.
Риби
Денеска ќе бидете принудени да го откажете патувањето кое го планиравте со партнерот. Проблемите се повторуваат и партнерот нема да сака да ја продолжи врската. Здравјето ви е чувствително.Овен
Овој ден е поволен за  расчистување со минатото. Оние

Пронајдете не на следниве мрежи: