Дневен хороскоп за 30.10.2014Овен
Тоа што го планиратњ ќе го завршите брзо и успешно, а ќе добиете и пари. Бидејќи сте задоволни и со развојот на емотивната ситуација, размислувате за подарок со кој ќе го израдувате саканото лице. Не дозволувајте да ве обземат овновската тврдоглавост и непромисленост, зашто последиците може да бидат фатални.
Бик
Пред вас е обемна работа за која однапред знаете дека нема да може лесно да се совлада, па дополнително ќе бидете мотивирани за работа, така што успехот нема да изостане. Не дозволувајте да ја изгубите самоконтролата само затоа што другите ви упатуваат забелешки. Свртете се кон убавите работи – кон љубовта.
Близнаци
Доколку се занимавате со професија што ви дава сигурност, можете да бидете задоволни. Во спротивно, ќе имате доволно време да се нервирате. Бидејќи ги знаете двете варијанти, решете се за онаа што моментално ви одговара. Работата ќе ви помогне да го зачувате чувствителниот нервен систем.
Рак
Тешко ви паѓа сознанието дека немате кому да се доверите. Забележувате дека се’ за што зборувате оди понатаму. Би сакале да имате доверба и можност за вербално зближување, но тоа моментално е невозможно. Се решавате за уште поголема изолираност и недоверливост.
Лав
Иако се обидувате да ги средите брачно-партнерските односи, констатирате дека имате слаба корист од тоа. Тоа ве излудува, како и сознанието дека немате на кого да се потпрете. Бракот или врската веќе подолго време е во криза, па барате дефинитивно разјаснување.
Девица
Не можете да кренете глава од работа, напнати сте. Но ни тоа не е лошо, зашто кога ќе мине работниот хаос, ќе имате време за расчистување. Пожелно е да посветите повеќе внимание на здравјето. Исцрпеноста, проследена со нередовна исхрана, може да доведе до активирање на здравствениот проблем од хронична природа.
Вага
Незадоволни сте, иако на моменти се обидувате да побегнете од тоа сознание. Она што е интересно ви поаѓа од рака во пријатно друштво. Штом ќе останете сами, се пресметувате и доаѓате до сознание дека не сте на позитивна нула туку во дебел минус. Брачните кавги се минливи и бенигни.
Скорпија
Овој ден е поволен за работа но не и за љубов. Затоа свртете се кон овие сегменти на животот во кои моментално сте најуспешни. Љубовта може да причека подобри времиња. Скорпиите во брак се подготвени на партнерот да му најдат илјада мани, а себеси ниту една. Бидете пообјективни, никој не е идеален.
Стрелец
Бидејќи ве очекува успешен ден, не дозволувајте да ви го упропастат ситници. Уживајте во него и дишете со полни гради. Не сте ни свесни колку сте среќни, но ќе се освестите еден ден – кога среќата ќе исчезне. Љубовта ве сака, работата исто така, а и уметноста, секако. Во елемент сте!
Јарец
Денес ќе стварувате успешна комуникација. Се трудите слободното време да го минувате надвор од дома. Се заситивте, но не и од старите добри пријатели. Тие со своите совети ви помагаат да ја надминете долгата криза. Понекогаш добронамерниот совет вреди пари. Размислете за ова.
Водолија
Тешко на оној што ќе ве навреди. Доаѓа до израз мрачната страна на вашиот карактер. Бидејќи живеете во свет на лаги и измами, само го потиснувате здравствениот проблем а не го решавате. Самите сте си непријател. За уметниците тоа не е лошо, но повеќето од вас не се во таа бранша.
Риби
Сфаќате дека односот со извесно лице е неизвесен. Доколку станува збор за емотивна врска, во прашање е чисто промашување. Причината за ваквото размислување се наоѓа во чувството на инфериорност. Бидејќи ни себеси не се цените доволно, нормално е дека тоа не го прават ни другите. Затоа, памет во глава и бидете пореални кон себе.Овен
Тоа што го планиратњ ќе го завршите брзо и успешно, а ќе добиете и пари. Бидејќи сте задоволни и со развојот на емоти