Дневен хороскоп за 31.01.2017

Loading...

Дневен хороскоп за 31.01.2017  Овен
Изгледа дека погрешно ја проценивте моменталната ситуација, можни се извесни киксови. Консултирајте се со постари лица за кои сте сигурни дека ќе ви помогнат. Нервозата ќе ја излекувате со активен одмор и спорт. Ве очекува љубовна авантура, уживајте.
Бик
Ќе имате грижи кога станува збор за партнерот и децата. Ви се јавува желба да се повлечете и да ги анализирате проблемите што ги имате. Целосно сте разочарани од некого на кого многу му верувавте. Потрудете се утеха да најдете во кругот на семејството. Потребен ви е одмор.
Близнаци
Ќе наидете на вообичаената препрека кога станува збор за работата. Сето тоа ве прави дополнително нервозни и раздразливи. Партнерот сака да ви укаже на грешките, а вие го слушате само со едно уво. Не одбегнувајте го.

 
Рак
Денес сте со добро расположение. Се занимавате со она што го сакате и задоволни сте. Моментално единствено што може да ве изненади е беспарицата, на се друго сте навикнати. Емотивната ситуација е сјајна, очекувајте да биде уште подобро.
Лав
Периодов ќе ви недостига виталност. Премногу сте осетливи, а тоа ве спречува да тргнете во конкретна акција. Поразот тешко го поднесувате, потрудете се да бидете смирени и да ја контролирате ситуацијата.
Девица
Денес треба да поведете малку повеќе сметка за здравјето. Не се чувствувате добро, а и немате енергија. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат. Премногу грешите, околината ве почитува, но понекогаш и пречи вашата себичност.

 
Вага
Мислите дека сте заслужиле повеќе отколку што добивате. Ви недостасува објективност за да ги согледате своите способности. Крајно време е да размислувате за нова работа која ќе ви овозможи подобра заработувачка од моменталната.
Скорпија
Повторно на сцена настапуваат проблемите во љубовта. Не сте на чисто кога станува збор за емоциите, но беспотребно се возбудувате. Подготвени сте на верност, но ја прикривате несигурноста во партнерот.
Стрелец
Денес лесно ќе се нервирате и ќе избувнувате за ситница. На партнерот постојано му наоѓате мани и покрај тоа што не можете без него. Среќа, зашто и тој е свесен за тоа, па не ви забележува. Најдобро би било во моментите на нервоза да почнете да се занимавте со некое хоби.

 
Јарец
Одлично се чувствувате, и покрај тоа што сте напорни за околината. Колегијалните односи постои можност да бидат нарушени, но тоа не треба да ве загрижува. Морате да покажете повеќе толеранција кога станува збор за партнерот.
Водолија
Постои кај вас чувство за страв за својата егзистенција. Нормално е да не сте рамнодушни, но нормално е и трезвено да размислувате за се и да пронајдете компромисно решение. Потрудете се да бидете смирени и трезвено да им приоѓате на проблемите.
Риби
Ќе имате чувство дека некој постојано ви поставува замки на работното место. Како и да е, вие одлично ги извршувате сите работи и можете да очекувате успех. Финансиската ситуација се подобрува, а и љубовта ви цвета.Овен
Изгледа дека погрешно ја проценивте моменталната ситуација, можни се извесни киксови. Консултирајте се со постари лиц

loading...