Дневен хороскоп за 27.02.2013

Овен
Имате потреба за уживање и за активностите кои ги сакате, особено за оние кои ви дозволуваат да си изкажете се што ви лежи на срце. Немојте премногу да се трудите повторно да “пораснете”. Уживајте играјќи во овој ден, препуштајќи му се на животот и опуштете се колку што ви е потребно.
Бик
Вашиот стабилен пристап кон работата, денеска би можел да ви донесе екстра бодови. Со позитивноста би можеле да ги воодушевите и вашите надредени, а тоа ќе го правите во се што ќе го работите. Ако дојде до разговор, бидете едноставни и јасни, затоа што тој таа не гледаат се толку јасно како вие. Дозволете им на вашите дела да говорат за вас, а и покрај тоа ако имате нешто да додадете, нека биде исполнето со хумор.
Близнаци
Иако секој ден ви се чини дека имате се повеќе работа, и денеска со леснотија ќе го поминете работниот ден без поголеми грижи. Денеска имате јасна цел и никој неможе да ве помери од тоа. Само внимавајте на сопствените сетила за мерка, претерувањето никогаш не е добро, па и кога е во прашање нешто што го сакате. За најдобри резултати, продолжете по патот по кој сте тргнале со што помалку промени.
Рак
Наспроти се, и понатаму настојувате да одржите чувство на смиреност и сталоженост, но комплексноста на вашиот приватен живот едноставно се прелева во поширока слика, надвор од ваша контрола. Вашата моментална реакција на приватен план, може да биде пресилна, па размислете повеќе пати пред да си допуштите емотивен испад и пред да направите нешто што би влијаело на вашата иднина.
Лав
Марс ви носи нова полет во животот. Вашата енергија се наоѓа на врвот, па имате чувство дека целиот свет е ваш. Размислете малку за моќта на позитивното размислување додека со својот шарм освојувате се пред себе. Понекогаш најдобрите работи изостануваат, ако се користиме само со телесните предиспозиции. Внимавајте за да не ја изгубите перспективата на својот живот.
Девица
Не сте сигурни што точно се случува во вашата глава, но затоа направивте се за денешниот исчекор кон иднината би бил што полесен и поедноставен. Пробајте да го избалансирате се она што ви е важно со приоритетите на партнерот. Колку и да мислите дека нема смисла, вашите напори ќе резултираат со напредок во вашата врска.
Вага
Денеска до вас ќе дојдат многу добри вести, но позитивната енергија која ја носат, никако да ви потрае. Колку и да се чувствителни, немојте да се обидувате да се сокриете од нив. Се додека не се препуштите на нагли и импулсивни реакции, вашата несигурност ќе се смири, а вие ќе имате јасен пат пред себе.
Шкорпија
Целата енергија која ја собиравте во себе, искористете ја на деловен план и на своите амбиции. Уверете се дека е ОК и да направите нешто само за себе, па нема премногу да се нервирате за работите кои моравте да ги одложите за да ги постигнете своите. Немојте да работите за туѓите очекувања, си имате своја цел, а сега е иделно време да ја остварите.
Стрелец
Опкружете се со група исомисленици или пријатели и уживајте во комуникацијата со нив. Тоа е најдоброто што можете да го направите денеска за да се спремите за “вртење нов лист”. Енергиите околу вас се напнати, па пред да му се обратите на партнерот, избројте до три, за да не дојде до експлозија на разни емоции на кои не сте подготвени.
Јарец
Денеска ќе бидете прилично не реалистични во поглед на својата работа, дали идна или моментална. Иако сте во состојба да ја согледате иднината, тешко ви е да ја разликувате вашата фантазија од реалниот живот. Потрудете се да си одвоите доволно време за да можете да си ги остварите своите цели и да ги исполните ветувањата кои ги имате дадено.
Водолија
Ако си дозволите мрзеливост и работите само тоа што се очекува од вас, би можело да ви се причини дека колегите ве сфаќаат погрешно. Ве исцрпува да ги пратите во чекор останатите, т.е. лесно би можеле да влезете во расправа со пријателите или колегите за работи кои вообичаено не ви се најважни. Запаметете дека неморате да ја пренесете целата своја енергија на другите за работите да си функционираат.
Риба
Денеска настојувате да го зачувате чувството на одвоеност од останатите, но комплексните емоции кои ги чувствувате не ви даваат мир. Не се препуштајте лесно, зошто денес тоа би можело да ве доведе во незгодна положба. Најдобро би било кога би можеле да се концентрирате на својата работа без да им дозволите на другите да ви се мешаат во вашето подрачје.
Извор:lady.mk
 Овен
Имате потреба за уживање и за активностите кои ги сак

Пронајдете не на следниве мрежи: