Многу нè интересира да видиме како поранешниот шеф на тајната полиција Слободан Богоевски на суд ќе докаже дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери се замешани во скандалот за „Маѓар телеком“ и дека зеле пари.Ова за „Дневник“ го изјавија од ДУИ, откако Богоевски најави дека в понеделник е закажано судското рочиште со Ахмети и Џафери кои пред една година поднесоа тужби потив него за клевета.
Според сведочењето на Богоевски за њујоршкиот суд, седум и пол милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари – тогашниот премиер Владо Бучковски, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и тогашниот вицепремиер Муса Џафери. Богоевски со оваа афера го поврзува и обидот за убиство на Абдилхалим Kасами од ДУИ, тогаш одговорен за финансиите на партијата.
-За таа изјава Ахмети и Џафери ме тужат на граѓански суд за граѓанска одговорност дека сум ги наклеветил. Рочиштето е в понеделник. Дојдете да го гледате тој циркус бидејќи судот го сметаат за нивна партиска експозитура. Јас нема да давам изјава бидејќи има завет на молчење до завршување на пресудата во мај. Нема да давам никаква изјава ниту во јавноста, ниту во постапка, ниту ќе ја коментирам содржината на изјавата бидејќи таа изјава е дадена пред надлежен американски суд. Јас ќе се однесувам во согласност со македонските и со законите на САД – изјави Богоевски.
Од ДУИ вчера за Дневник изјавиле дека Ахмети и Џафери нема лично да се појават во судницата, туку дека на рочиштето ќе присуствува нивниот адвокат.
-Богоевски ќе треба да докаже дека Ахмети и Џафери зеле пари. Апсолутно станува збор за случај што не постои. Нема случај бидејќи Ахмети е чист, не зел никакви пари – велат од ДУИ за весникот.
И покрај обидот, вчера не успеавме да добиеме став од поранешниот вицепремиер Муса Џафери.
По обелоденувањето на аферата „Маѓар телеком“, Џафери изјави дека подготвува кривична пријава против поранешниот шеф на тајната полиција Богоевски за неговите обвинувања дека тој и лидерот на партијата Ахмети се замешани во скандалот за „Маѓар телеком“.
– Обвинувањата против мене, кои се однесуваат дури и на организирање убиства, се сериозни и тешки. Станува збор за прашања од лична природа и ќе тужам за клевета. Тој ќе мора сите овие работи да ги докаже пред нашите институции – изјави тогаш Џафери.
И Ахмети тогаш обвинувањата на негова адреса ги оцени како клевета. Тој рече дека неговото инволвирање лично и на високи функционери на ДУИ во корупцискиот случај со „Маѓар телеком“ е за да се наштети на партијата во пресрет на изборите.
ДУИ за сведочењата тврдеше дека целта им е да ја урнат партијата пред изборите. Оцените беа дека станува збор за апокалиптички инсинуации за единствената изворна партија, која не е формирана од тајната полиција.
-Во иста насока е и интензивната кампања на разни клевети на моја и на адреса на ДУИ, вклучувајќи ги и тврдењата на еден припадник на тајните служби осуден за измама, кој се обидува да ме вмеша мене и моите соработници во непостојни настани од пред 10 години. Јас ве уверувам дека сите овие конструкции се клевета во рамките на кампањата пред претстојните избори – оцени тогаш Ахмети.
Богоевски во својство на сведок во декември 2014 година дал изјава пред претставникот на Американската комисија за хартии од вредност, која го води спорот против „Маѓар телеком“ во САД. Во сведочењето пишува дека парите биле земани во кеш од вилата на грчкиот бизнисмен Димитрис Kондоминас во близина на аеродромот во Атина. Во неколку наврати, со владини автомобили парите биле префрлени во Македонија. Богоевски тврди дека тука бил вклучен и влијателен албански бизнисмен. Дел од парите бил носен во куќата на Абдилхалим Kасами, тогаш задолжен за финансии во ДУИ. По последната исплата во таа куќа бил застрелан Kасами, кој 6 години подоцна починал од последиците од атентатот. Kасами наводно не добил ништо од овие пари, па кога побарал и тој нешто од милионите евра, според Богоевски, по наредба на Џафери, било пукано во него.Ова за „Дневник“ го изјавија од ДУИ, откако Богоевски најави дека в понеделник е закажано судското рочиште со Ахмети и Џафери кои пред