„Дневник“: „Комитите“, „Војводите“ и „Чкембарите“ не се организираат за Турново

Македонските навивачки групи не се организираат за бодрење на единствениот македонски претставник во Европа кој има реални шанси за сензација – Хоризонт Турново.
„Дневник“ со интересна анализа која вреди да се сподели. Имено, наведениот медиум ги интервјуира претходно наведените навивачки групи во обид да се запознае со нивните идеи, за тоа дали би навивале организирано за Хоризонт Турново на реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лига Европа против хрватски Хајдук, бидејќи нашиот претставник има реални шанси за пласман во понатамошната фаза и е на чекор до сензација.
„„Комити“ навиваат само за Вардар, Турново ни беше наш ривал во трката за шампионската титула, па затоа нема ниту групно ниту индивидуално да го поддржиме“ велат од навивачката група „Комити“.
„Војводи“ велат дека организирано ги поддржуваат екипите на Тетекс и Вардар, но како поединци, го поддржуваат секој македонски клуб.
Додека пак, што се однесува до навивачите на битолски Пелистер, популарните „Чкембари“, тие за „Дневник“ велат дека освен за Пелистер, други клубски бои не бранеле ниту пак ќе бранат, но не ја исклучуваат можноста да некои поединци присуствуваат на гледалиштето на мечот со Хајдук.
Интересно, како единствена навивачка група која би го бодрела Хоризонт Турново се најдоа популарните „Мајмуни“ од Прилеп, но тие, како што велат за „Дневник“ не се моќни за да организираат едно вакво гостување во Скопје, од финансиска причина.
Извор/Фото: „Дневник“ – кликнете ТУКА , за да ја прочитајте ја целата статија.Македонските навивачки групи не се организираат за бодрење на единствениот македонски претставник во Европа кој има ре

Пронајдете не на следниве мрежи: